Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Чување на јаболката – ладилници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Чување на јаболката – ладилници
Совети

Чување на јаболката – ладилници

Објавено 19/08/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Основните поставки на технологијата за чување, се насочени на условите со кои се забавуваат процесите на дишењето, намалувањето на интензитетот на транспирацијата и спречувањето на развојот на патогените микроорганизми на плодот. Во современата технологија се користат три основни фактори со чија помош се управуваат процесите на дозревањето на плодовите во складовите, тоа се: температурата, релативната влажност на воздухот и составот на атмосферата. Затоа веќе не може да се замисли современо производство на овошје, особено јаболка и круши, без ладилници, како и разладни уреди во продавниците за овошје.

Ладилниците се градат од погоден материјал, со термичко-изолациони карактеристики, двојна покривна конструкција и воопшто многу материјал кој изолира, односно обезбедува херметичност. Капацитетите на ладилниците, зависат од многу фактори, пред сѐ , од количеството овошје што ќе биде чувано и тоа 50-70% од вкупното производство да биде со јаболка. Современото успешно чување на производите со мали загуби, бара изградба на постројки, во кои ќе можат да се обезбедат сите потребни оптимални услови за успешно чување на овошјето. Според тоа, ваквите складишта можат да бидат:

– магацини за овошје и зеленчук кои се проветруваат по природен или механички пат и

– ладилници (со општа намена, специјализирани или комбинирани со неладени простори).

Општите физички услови потребни за чување на свежи леснорасипливи прехранбени производи уште при изборот на локацијата и изградбата на ладилниците треба да ги исполнуваат следните услови:

Ладилникот – складот, треба да биде без дневна светлина, односно треба да е мрачен;

Да има обезбедена можност за добро проветрување;

Во складишниот простор да се обезбеди одржување на зголемена релативна влажност на воздухот, но самиот објект не треба да биде влажен;

Складишниот простор мора да биде топлотно изолиран од надворешни влијанија, така што во него да се одржува константна и изедначена ниска температура од околу 0 C° (приближно од +6 до – 1C°), а во одделни комори да бидат термички изолирани и во нив да може да се одржуваат константно ниски температури кои се движат од околу – 20 (од -18 до -28 C° ).

Основен предуслов, независно каде се гради складот – ладилникот, при изборот на локацијата, таа мора да биде поврзана со добра сообраќајница, со производните објекти – насадот и со пазарите.

Објектот треба да биде обезбеден со рационално снабдување со електрична енергија и доволни количини бактериолошки и хемиски чиста вода, како и да се обезбеди канализирање на отпадните води. Постои дилема, дали да се градат големи капацитети или повеќе мали.

Големите комори – ладилници лесно можат да се прилагодат за чување на разни производи со тоа само ако се намали густината на стокирањето, се разбира во рационални размери. Искуството покажува дека јагодестото – ситното овошје, најдобро се чува во мали специјални комори со силна разладна опрема 150-200 фригории на час за 1м3 и со силна вентилација чиј коефициент на циркулација е 100. За другото овошје – помалку чувствително (јаболка, круши и сл.) подобро е да се градат големи ладилници чии комори ќе имаат простор од 1200 м3 (30 x 40 м) и со височина 7-9 м, во кои комори ќе можат да се стават над 6 слоеви бокс палети.

Дип.инг.агр.Ламбе Куциноски

АПРЗ РЕ Струга

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:јаболкаталадилницичување
Претходен напис Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје
Следен напис До петок стабилно и топло, за викендот повремен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?