Продолжуваме со тематските денови на Агротим, овој пат со уште една многу важна тема – Наводнувањето.
Без вода нема конкурентно земјоделско производство. Оваа констатација добива уште повеќе на значење со климатските промени, високите температури и сушите кои секоја година се се’ поизразени.
Земјоделските прозводители речиси секоја производствена сезона се жалат на недостиг од вода за наводнување на површините. Проблеми има но и решенија.
За состојбата во овој сектор, за функционалноста на системите за наводнување, можностите, најавените инвестиции, новитети, репортажи, интервјуа, странски искуства, совети, грантови и други содржини, ќе ви презентираме во четврток на 28.11.2024 година на платформата Агротим.
Ве очекуваме и со ваши предлози, сугестии, искуства и идеи како да се подобри состојбата во овој сектор.