Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Четворица починати од вирусот западен нил во Грција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Четворица починати од вирусот западен нил во Грција
Агровести

Четворица починати од вирусот западен нил во Грција

Објавено 30/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Четири лица заразени со вирусот западен нил починаа во Грција, а во земјата се потврдени вкупно 42 случаи заклучно со вчера, од кои половина се регистрирани во изминатата седмица, во согласност со податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) – јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 37 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а кај пет случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем.

– Заклучно со 29 јули 2026 година, регистрирани се четири смртни случаи кај пациенти заразени со вирусот западен нил, кои имале зафатеност на централниот нервен систем. Сите починати биле постари од 65 години, со просечна возраст од 75 години (меѓу 66 до 91 година) – соопштија од ЕОДИ.

Од заразените, 13 се хоспитализирани, а 25 биле отпуштени од болница.

Повеќето од случаите (вкупно 35) се регистрираните во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а другите во регионот Тесалија и во централна Грција.

Првиот случај на инфекција за оваа сезона во Грција беше регистрирани на почетокот на јули.

Вирусот Ззпаден нил, што го пренесуваат комарците, присутен е во Грција во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на западен нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето највисок бил и бројот на починати лица – вкупно 51.

Лани, во Грција беа регистрирани 96 случаи, а од западен нил починаа девет лица. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка
На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 20 минути
Минимум површина и број на грла за да аплицирате за директна поддршка за 2026
Таг:вирусотГрцијапочинатиЧетворица
Претходен напис Кремасто рижото со модар патлиџан
Следен напис Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?