Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Чернобил: Од нуклеарна катастрофа до природен резерват
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Чернобил: Од нуклеарна катастрофа до природен резерват
Агровести

Чернобил: Од нуклеарна катастрофа до природен резерват

Објавено 30/12/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Никој не го оспорува фактот дека експлозијата на нуклеарната централа во Чернобил во 1986 година е досега најтешкиот инцидент за животната средина во историјата на човештвото. Сепак, научниците сега се обидуваат да откријат како се случило флората и фауната во забранетата област околу нуклеарната централа денес толку нагло да се обноват.

Според податоците, веднаш по избувнувањето на катастрофалната експлозија, загинаа помалку од стотина луѓе. Во 2005 година, Обединетите нации и Светската здравствена организација објавија дека имало 4.000 смртни случаи поврзани со катастрофата во Чернобил. Постојат и организации кои тврдат дека дури 16 000 луѓе починале во Европа како резултат на зрачењето од Чернобил.

Околу 117.000 луѓе беа евакуирани од непосредна близина на нуклеарната централа, пред се од Припјат, град изграден за потребите на електраната. Воспоставена е забранета зона, чии граници се поставени во радиус од 30 километри од самата централа. Делови од Белорусија исто така се вклучени во оваа зона, бидејќи поголемиот дел од нејзината територија беше зафатен со радиоактивен дожд.

 Денес, забранетата зона зафаќа површина од околу 2.800 квадратни километри и, како што може да се претпостави, е една од најзагадените области во светот.

Веднаш по катастрофата, беа оштетени над 400 хектари борова шума, а околната флора и фауна – како и сите блиски извори на вода – беа целосно загадени.

Но, сега, скоро 35 години по инцидентот, се чини дека забранетата зона околу Чернобил претрпе необична трансформација на флората и фауната.

Што се смени?

И покрај многу обемната непосредна штета нанесена на екосистемот во забранетата зона околу Чернобил, биолошката разновидност на областа рапидно се зголеми во последните три децении. Ретки животински видови, како рис и загрозените видови европски бизони, повторно се населиле во оваа област.

Во белорускиот дел на забранетата зона, истражувачите открија дека популацијата на диви свињи, лос и срна се зголемила, десет години по катастрофата.

Исто така, забележано е дека популацијата на волци се зголеми за седум пати.

„Бројот на волци е седум пати поголем, веројатно затоа што нема лов во забранетата област“, ​​рече Џејмс Смит од Универзитетот во Портсут, кој спроведува истражување на природата во оваа област, заедно со Ник Бересфорд од Центарот за екологија и хидрологија

 „Нашите надзорни камери во Украина исто така снимија евроазиски рис, кафеава мечка, црн штрк и европски бизон. Украински и белоруски истражувачи снимија стотици растителни и животински видови во зоната, вклучително и повеќе од 60 (ретки) видови“, објаснува Бересфорд.

Видови како што е Пржевалскиот див коњ, кој всушност е ретка и загрозена раса на коњи, роден во Централна Азија, дури биле намерно ослободени во областа, како дел од напорите за зачувување на природата.

Сепак, сè уште е непознато колку се здрави овие животни, а многу научници се загрижени дека овие видови ќе продолжат да ги чувствуваат ефектите од изложеноста на зрачење. Но, во моментов нема можности да се добијат точни податоци за следење на овој проблем.

Сепак, истражувачите кои ги проучувале ефектите од катастрофата во Чернобил врз растенијата оваа недела објавија дека пченицата, ‘ржот, јачменот и овесот одгледувани во близина на областа се уште се загадени. Скоро половина од сите примероци испитани од научници од Универзитетот во Ексетер и Украинскиот институт за земјоделска радиологија содржеле недозволено ниво на радиоактивни изотопи.

 Но, поулацискиот бум на цицачите,во оваа област, сè уште се смета за добар знак. И покрај масовната контаминација, Бересфорд, заедно со другите истражувачи, верува дека „целокупниот ефект бил позитивен“ врз животинскиот свет во забранетата област.

„ Се чини дека зрачењето  од Чернобил е помалку штетно за животинските видови отколку присуството на луѓето кои ја напуштиле областа“, објаснува експертот за биохемија на растенија, Стјуарт Томпсон, кој додава дека во забранетата област „животот цвета повеќе од порано“

Дали луѓето некогаш ќе можат да се вратат?

Така, забранетата област околу Чернобил стана еден од најголемите европски природни резервати, што го докажува штетното влијание на луѓето врз дивите животински видови.

Научниците сè уште расправаат дали оваа зона некогаш повторно ќе биде населена со луѓе. Украинските државни власти во 2011 година објавија дека областа ќе биде затворена во следните 320 години, додека директорот на Гринпис и Чернобил Игор Грамоткин изјавија дека ќе бидат потребни 20.000 години за луѓето да бидат безбедни во оваа област.

Неверојатно е дека околу 187 лица, познати како „самостојни доселеници“, доброволно се вратија, да останат во забранетата зона од 30 километри. Технички, тоа и понатаму останува нелегално, иако во 2012 година локалната самоуправа даде неофицијална дозвола дека можат да останат само постарите самостојни доселеници.

Владата им дава социјална помош на овие жители, но нивниот престој во забранетата област сè уште не е легализиран.

Долгорочниот успех на заздравувањето на животната средина во регионот нема да биде разјаснет во текот на многу години, но веќе се формулирани јасни лекции што треба да се научат.

Извор: Agronews.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:природен резерватРетки животниЧернобил
Претходен напис Честитка од ФИТР до претприемачите
Следен напис Бочварски: Напролет ќе се градат делниците на експресниот пат Градско-Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?