Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бројот на субјекти кои не издаваат фискални сметки се уште голем, кај 30 проценти од контролираните субјекти утврдени неправилности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бројот на субјекти кои не издаваат фискални сметки се уште голем, кај 30 проценти од контролираните субјекти утврдени неправилности
Агровести

Бројот на субјекти кои не издаваат фискални сметки се уште голем, кај 30 проценти од контролираните субјекти утврдени неправилности

Објавено 15/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во првите четири месеци од годинава, Управата за јавни приходи констатирала неправилности кај над 40 проценти од контролираните субјекти во однос на Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30 проценти се неправилности поврзани со неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса.

– Загрижува фактот што бројот на субјекти со утврдени неправилности бележи раст и покрај континуираните мерки на УЈП. Додека минатата година неправилности биле утврдени кај 32% од контролираните субјекти, оваа година тој процент е зголемен на 42%. За утврдените неправилности во првите четири месеци од 2026 година изречени се глоби на правното лице и одговорното лице кај 395 субјекти. Најчеста неправилност и понатаму останува неиздавањето фискални сметки, при што во првите четири месеци од 2026 година се изречени 242 глоби по овој основ. Значителен раст е евидентиран и кај прекршоците поврзани со невоведување фискален систем, каде бројот на изречени глоби е зголемен од 7 на 32 во споредба со минатата година. Поради повторено неиздавање фискални сметки во период од две години, на 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност – запечатување на објектите, информира денеска Управата за јавни приходи.

Спроведени биле вкупно 960 контроли за фискализација, а опфатени биле 434 угостителски објекти, 318 трговски објекти, 201 услужен објект и седум приредувачи на игри на среќа. 

Контролите се реализирани врз основа на пријави од граѓани преку линијата 198, интерни анализи на УЈП и координација со други надлежни институции.

Од УЈП информираат дека има зголемување на пријавите од граѓани за 36 проценти односно дека во овој период пристигнати се вкупно 887 пријави од граѓани. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:контролираните субјектинеправилностисубјектифискални сметки
Претходен напис Славески: Поврзувањето на  системите за инстант плаќања едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања
Следен напис Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?