Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Брод со 23.000 тони пченица oд Украина се упати кон африканското пристаниште Џибути
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Брод со 23.000 тони пченица oд Украина се упати кон африканското пристаниште Џибути
Агровести

Брод со 23.000 тони пченица oд Украина се упати кон африканското пристаниште Џибути

Објавено 16/08/2022
Сподели
1 мин. за читање
marinetraffic.com
Сподели
Ad imageAd image

Бродот „Brave Commander“ го напушти украинското пристаниште Пивдени, со првиот товар со хуманитарна прехранбена помош за Африка од Украина од руската инвазија.

Украинскиот извоз на жито е во пад од почетокот на војната поради затворање на црноморските пристаништа, клучен канал за испорака, што ги зголеми глобалните цени на храната и предизвика страв од недостиг во Африка и на Блискиот Исток.

Минатиот месец три црноморски пристаништа беа одблокирани, по договорот на Москва и Киев, постигнат со посредување на Обединетите Нации и Турција. Тоа овозможи да се испратат стотици илјади тони украинско жито на купувачите.

Според украинското Министерство за инфраструктура, „Brave Commander“ носи 23.000 тони пченица. Бродот се упати кон африканското пристаниште Џибути со резерви наменети за потрошувачите во Етиопија.

„Министерството и Обединетите Нации работат на начини за зголемување на снабдувањето со храна за социјално загрозени делови од африканско население“, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека 17 бродови веќе ги напуштиле украинските пристаништа со над 475.000 тони земјоделски производи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пченицаџибути
Претходен напис Протече вино од најголемото буре во светот, со капацитет од 75.000 литри
Следен напис Ќе се заштитуваат пештерските екосистеми во Галичица од негативните ефекти на климатските промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?