Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Брашно од коприви – Лесно се прави, не е скапо, а лековито е
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Брашно од коприви – Лесно се прави, не е скапо, а лековито е
Магазин

Брашно од коприви – Лесно се прави, не е скапо, а лековито е

Објавено 31/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Брашното од коприва се прави од суви и мелени листови од коприва. Исклучително е богато со железо и доволна е само една лажица за да се обезбеди потребната доза за организмот. Ова брашно е повеќенаменско и можете да го користите при правење тесто, супи, каши…

Покрај тоа што е богато со железо, копривата е полна и со витамини и минерали. Подеднакво лековит е чајот или чорбата од коприва. Од фино брашно од коприва се прави домашна козметика, а од крупно мелено брашно може да се направи храна или чај од коприва.

Она што е важно е да најдете здрави, незагадени коприви. Доцна пролет или почетокот на летото се идеални за собирање. Ако не можете да најдете здрава коприва, тогаш најдобро е да ја купите. Младите листови содржат најмногу хранливи материи.
Внимателно измијте ги свежите листови и фрлете ги оштетените. Пожелно е да користите ракавици бидејќи копривата може да ја иритира кожата.
Измиена поставете ја помеѓу две крпи за да ја впие водата што е можно подобро. Можете да ја исушите природно, но ризикувате да ја оштетите, подобро е да ја ставете во рерна. Загрејте на 120 ° C и ставете ги листовите во тенок слој околу 2-3 часа. Вратата на рерната треба да биде малку отворена (1-2 см) за да може да излезе влажниот воздух. Ако е можно, вклучете го вентилаторот, бидејќи значително ќе ја забрза циркулацијата на воздухот и ќе го скрати времето на сушење.
Кога листовите ќе станат кршливи и ќе се распаднат на допир, извадете ги од рерната и изгмечете ги со рака. Отфрлете ги стеблата и сите други делови што се сè уште влажни. Скршените листови вратете ги во рерна и продолжете со сушење уште еден час за да бидете сигурни дека се целосно суви. Потоа сомелете ги. Просејте го брашното низ сито. Некои поголеми честички ќе останат во ситото, па можете да ги сомелете во аван и потоа повторно да ги просеете.

Од 300 гр свежа коприва (листови и стебла) или 150 гр свежи листови, ќе добиете околу 20-25 гр ситно брашно и околу 10-15 гр дополнително крупно мелено брашно што останува по просејувањето. Чувајте го во херметички затворена тегла на темно, суво и ладно место.

Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:коприва
Претходен напис ЈАВЕН ПОВИК бр.03/22 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари
Следен напис Вкупниот број говеда е намален за 20.1 %, намалување и на бројот на козите и живината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?