Божиќно пиво направено од грашок и маринирана црвена зелка во Исланд стана хит меѓу купувачите во пресрет на Божиќ и исчезна од полиците на продавниците за неколку часа.
Божиќното пиво „Ора“ (Ora Jolabjor) е произведено од една мала пиварница во Рејкјавик и е инспирирано од исландската божиќна вечера.
Исландската празнична гозба се состои од грашок и црвена зелка послужени со чаден јагнешки бут и карамелизиран компир.

Пивото 5,2 отсто алкохол, идеја е на Валгеир Валгеирсон, главниот производител на пиво во RVK Brewing, кој стекна добра репутација во изминатите неколку години кога лансираше популарни божиќни пива од алги, стебла од новогодишни елки, па дури и од сушени риби.
Овој пат главните состојки на новото пиво, грашок и зелка ги измешал со слад, хмељ и каранфилче.
6000 лименки се распродале за неколку часа
Пиварницата „Валгеирсон“ произведува само 50.000 литри пиво годишно, што е капка во океанот во споредба со производството на меѓународни конгломерати за пиво.
Прво произвеле 6.000 литри од својот најнов изум, кој потоа бил продаден преку интернет на исландската државна компанија за пиво „Винбудин“.
Првата серија од 6.000 лименки се распродала за неколку часа, а набргу потоа беа продадени уште 18.000.
Валгеирсон вели дека комбинацијата на грашок и зелка е симболична за Исланѓаните, бидејќи традицијата на комбинирање на две придружни јадења за Божиќ датира од времето кога во зима тешко се доаѓало до свежа храна.
„Бев изненаден од многу добриот вкус на ова пиво“, рекол Хедин Унстаинсон, 51-годишен владин советник, а неговиот колега Нилс Бјарки Финсен го споредил со англиското горчливо пиво, велејќи дека е пријатно изненаден бидејќи очекувал повеќе да се чувствува вкусот на зеленчук.

