Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Белград доби „течно дрво“, кое го прочистува загадениот воздух во градот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Белград доби „течно дрво“, кое го прочистува загадениот воздух во градот
Магазин

Белград доби „течно дрво“, кое го прочистува загадениот воздух во градот

Објавено 10/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со цел што повеќе да се прочисти воздухот, во Белград е поставено првото течно дрво, кое содржи шестотини литри вода и користи микроалги за врзување на јаглерод диоксид и производство на чист кислород со фотосинтеза.

Се работи за иновативен апарат чија цел е борба против загадениот воздух. Тоа е првиот урбан фото-биореактор во Србија, во кого тамошните власти гледаат решение за борба против емисиите на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на воздухот. Содржи шестотини литри вода и користи микроалги за врзување на јаглерод диоксид и производство на чист кислород со фотосинтеза.

Фото/Instagram

„Микроалгите заменуваат две десетгодишни стебла или 200 квадратни метри тревник. Предноста на овој апарат е што може да се инсталира за еден ден и не треба да чекате стотици години за да порасне“, изјави за медиумите Иван Спасојевиќ, еден од авторите на проектот од Институтот за мултидисциплинарни истражувања на Универзитетот во Белград. „Системот е ист бидејќи и дрвјата и тревата вршат фотосинтеза и го врзуваат јаглерод диоксидот“, додава тој.

Фото/Instagram

Како што откри д-р Спасојевиќ, предноста на микроалгите е што тие се 10 до 50 пати поефикасни од дрвјата.

„Нашата цел не е да ги замениме шумите, туку со овој систем да ги пополниме тие урбани џебови каде што нема простор за садење дрвја“, тврди тој.

Фото/Instagram

Белград е четвртиот најзагаден град во Србија, поради двете големи електрани на јаглен во близина.

Може да ви се допадне

Ролат со џем од вишни
Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Таг:liquid 3течно дрво
Претходен напис Рецепт за Јогурт погача, мека како памук
Следен напис Божиќното пиво од грашок и маринирана црвена зелка стана хит во Исланд – 6000 лименки се распродале за неколку часа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?