Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Боровинки, лиснат зеленчук, древни житарки… Ова се 10 најздрави намирници кои се прогласени за суперхрана за 2022 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Боровинки, лиснат зеленчук, древни житарки… Ова се 10 најздрави намирници кои се прогласени за суперхрана за 2022 година
Магазин

Боровинки, лиснат зеленчук, древни житарки… Ова се 10 најздрави намирници кои се прогласени за суперхрана за 2022 година

Објавено 01/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стручниот магазин Today’s dietitian, во соработка со 1.173 сертифицирани диететичари и нутриционисти спроведе студија за овогодинешните трендови во исхраната. Објавена е листа на 10 најздрави намирници во 2022 година, при што фокусот е ставен на храната од растително потекло со широк спектар на нутритивни предности.

„Со растечката популарност на исхраната базирана на билки и фокусот на здравјето и имунитетот, алтернативите богати со хранливи материи ќе бидат клучен елемент во исхраната на потрошувачите кои сè почесто ја гледаат храната како лек за избегнување болести“, рекла Луиза Полок, една од авторките на студијата.

Листа на 10 супернамирници:

  1. Ферментирана храна
    Ферментираната храна како јогурт и кимчи (корејска лута зелка) се наоѓаат на врвот на листата, и тоа благодарение на својствата кои го зајакнуваат имунитетот и го поттикнуваат здравјето на цревата. Исхраната богата со ферментирана храна ја зголемува разновидноста на микробиомот на цревата и ги подобрува имунолошките реакции, велат истражувачите од Медицинскиот факултет на Стенфорд.
  2. Боровинки
    Ова овошје е мало, но има многу придобивки! Тие се богати со антиоксиданти, кои помагаат во заштитата на клетките од слободните радикали и можат да го намалат ризикот од рак, срцеви и други болести. Антиоксидантите се, исто така, неопходни за поцврста коса, нокти и сјајна кожа.
  3. Егзотично овошје
    Стандардните овошја како јаболка и портокали се секогаш добредојдени, но 2022 година ќе биде година на егзотичното овошје како што се асаи бобинки и перуански јагоди. Асаи бобинките имаат висока содржина на антиоксиданти, кои помагаат во намалување на холестеролот и го штитат мозокот од оштетување предизвикано од стареењето.
  4. Семки
    Семките како што се чиа семето или семето од коноп се намирници со голема хранлива моќ. Чиа семето е полно со антиоксиданти, минерали, влакна и омега-3 масни киселини, како и со калциум, фосфор и магнезиум.
  5. Зелен чај
    Овој пијалак Јапонците го консумираат илјадници години и тоа со добра причина! Истражувањата покажуваат дека зелениот чај има антивоспалителни својства и својства кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, но и ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот.
  6. Јаткасти плодови
    Јаткастите плодови се одличен извор на протеини и влакна. Ф’стаците, на пример, имаат висока содржина на антиоксиданти, а некои студии покажале дека тие можат да го подобрат видот и превентивно да делуваат на срцевите заболувања.
  7. Лиснат зеленчук
    Лиснатиот, зелен зеленчук како зелката и спанаќот дефинитивно заслужуваат место во вашата исхрана! Тие содржат многу протеини и флавоноиди, кои помагаат во заштитата од оштетување од слободните радикали и разните воспалителни процеси. Спанаќот е богат и со витамините А и Ц, а научно е докажано дека помага во намалување на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања.
  8. Кељ
    Кељот, кој исто така припаѓа на зелениот, лиснат зеленчук, го заслужи своето место на листата поради бројните хранливи придобивки. Кељот, како и спанаќот, е богат со протеини и флавоноиди, а изобилува и со витамините А, К и Ц и е добар извор на влакна.
  9. Древни житни култури
    Овој термин се однесува на сите оние житарки кои не се промениле илјадници години, како што се киноа, амарант, тефа, фаро житарките… Киноата е секако најпопуларната житарка од овој тип, а има висока содржина на влакна, витамини Б6 и Ц и ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини!
  10. Авокадо
    Авокадото е богато со антиоксиданти, но и со други хранливи материи кои помагаат кај холестеролот, негата на кожата, здравјето на очите, густината на коските и содржи масти кои се здрави за срцето.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:суперхрана
Претходен напис Украинско земјоделство: Што ќе се случи ако изостане пролетната сеидба?
Следен напис „Истоштени шуми“, настан во рамките на проектот „Вертикално спротивставување на нелегалната сеча во Република Северна Македонија“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?