Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Боров четник ги нападна боровите во Кавадаречко и околината на Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Боров четник ги нападна боровите во Кавадаречко и околината на Кочани
Шумарство и водостопанство

Боров четник ги нападна боровите во Кавадаречко и околината на Кочани

Објавено 27/01/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Боров четник ги нападна боровите во Кавадаречко, а ситуацијата е алармантна во неколку предели со борова шума, реагираат љубители на природата од Кавадарци.

Според надлежните, проблемот е навреме согледан и преземени се мерки за негово надминување. Веќе се работи и на терен за негово решавање.

Став на експертите е дека можеби е најсоодветно во овој момент да се реагира со биолошко авионско прскање за ситуацијата да се стави под контрола, а потоа да се продолжи со обичен био третман, без авион.

– Боровиот четник е најголемиот уништувач на шумските стопанства. Боровиот четник или гасеници ги пустошат боровите. Како што е тргнато, за неколку години ќе се уништат пошумуваните борови по Љубаш, накај Катунишки камен и други места. Речиси 100 проценти од пошумените предели во Тиквешијата се нападнати од овој молец и доколку веднаш не се преземат мерки за негово отстранување, ќе ги изгубиме ,,белите дробови” на Кавадарци. Со тоа зелената карта на град Кавадарци енормно ќе се намали, изјави за МИА планинарот Дарко Најдов.

Според него, во неколку предели со борова шума околу Кавадарци ситуацијата е алармантна.

– Во месноста Катунишки Камен, Љубаш, наспроти споменикот за 12 Ваташки деца, градскиот парк, или со други зборови, каде и да има пошумена борова шума, таа е нападната од боровиот четник. Доколку не се преземат мерки за отстранување на гасениците, за многу брзо време боровите ќе се исушат, дециден е Најдов.

Реакции од љубители на природата пристигнале и до регионалното еколошко друштво „Еко-живот”.

– Според тоа што и самите го гледаме на терен, дел од шумата е веќе исушена, а во наредните години тоа е очекувано да биде уште повеќе. Боровата шума на „Љубаш” ги претставува белите дробови на градот Кавадарци и не смееме да дозволиме таа шума да биде уништена. Мора да се преземе нешто за да бидат спасени сите месности со борова шума, што се нападнати од боровиот четник, рече за МИА, Роберто Паризов, претседател на „Еко-живот”.

Љубица Ѓорѓиева, државен инспектор за шумарство и лов, појасни за МИА дека проблемот е навремено согледан и преземени се мерки за негово надминување.

– Проблемот е констатиран и од страна на Инспекторатот и од страна на ,,Национални шуми”. Известена е и ИДП службата при Шумарскиот факултет во Скопје. Од наша страна е даден налог да се изврши механичко или хемиско третирање. Дел од стеблата зафатени со боров четник беа исечени и на нивно место беа посадени нови дрвца. Работите се работат тековно, рече Ѓорѓиева.

Митко Сакалиев од подружницата на ЈП „Национални шуми” – „Бор” за МИА информира дека работат на терен за решавање на овој проблем. На терен биле и професори од Шумарски факултет, кои дале задолженија што треба да се направи. Се очекува да се реагира и на државно ниво, со авионско прскање. Таму каде што ќе се исечат борови стебла, ќе бидат заменети со видовите аризонски чемпрес и медоносни дрвја, како посоодветни заради надморската височина.

Професор доктор Стерја Начески, ентомолог од ИДП службата при Шумарски факултет за МИА изјави дека засега тешко дека ќе има авионско прскање, бидејќи мислењето на надлежните државни органи било дека секаде во светот таквото третирање било забрането. Ако има прскање, тоа би било на почеток од септември. Според него, најсоодветно е можеби биолошко третирање, со био препарат, со авионска метода, за да се стави под контрола, па потоа да се продолжи со обичен био третман, без авион.

И шумата над околните ридови на Кочани е нападната од боров четник – еден од најдеструктивните молци за шумите во јужна Европа.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Екологисти од Неготино алармираат за штетникот боров четник во боровите шуми
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:боров четник
Претходен напис Сериозни потешкотии за свињарството во ЕУ – Формирана е група за решавање проблеми
Следен напис Заедничка земјоделска политика – Како ЕУ им помага на земјоделците преку ЗЗП?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?