Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Борба против болести и штетници во органското пчеларство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Борба против болести и штетници во органското пчеларство
Совети

Борба против болести и штетници во органското пчеларство

Објавено 01/09/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Американски гнилеж

Ова е најтешка болест на пчелното легло,па и на пчелното семејство воопшто.Распространета е во целиот свет, нанесува огромни штети, особено во потоплите географски реони.

Болеста ја предизвикува бактеријата Bacillus larvae White .

Во Р. Македонија постои законски пропишана процедура со која заболените пчелни семејства се пријавуваат во надлежните институции и стручно лице од истата институција кој зема заразен материјал за анализа.

Доколку се утврди оваа болест, заразените пчелни семејства се угушуваат и заедно со сандаците се палат по што пчеларот од државата добива парично обесшетување. Оваа болест не е зооноза ( не е опасна по човек), но е заразна болест на пчелите и доколку не се открие на време може да направи големи штети.

Варно легло

Оваа болест е застапена на скоро сите пчеларници во Р. Македонија со фреквенција од 1 до 3%, но истата не е економски значајна поради тоа што може да се излечи. Во исклучивo родни години болеста исчезнува сама од себе, а добри резултати се постигнуваат со стеснување на просторот во сандакот проследен со додавање на меден раствор на чај од mellica oficinalis (кај народот познат како чумилок, пчелинок, маточина) во кој има додадено сок од лимон.

Ако болеста зела замав треба да се изведат заразените рамки и се заменат со нови, а задоволителен ефект покажува и замената на матицата со квалитетна млада и селекционирана матица. Кај заболените семејства потребно е да се изврши дезинфекција со пламен на подницата од сандакот.

Ваароза

Вароозата или народно крлежот на пчелата е најзастапена болест на пчеларниците во Р. Македонија. Таа е паразитарно заболување причинето од паразитот Varroa jacobsoni Oudemans , видлив со голо око, кај кој се разликуваат машки и женски единки.

Борбата против него опфаќа повеќекратни третмани кои се дадени последователно според месеците, а најдобро е да започне во месец ноември или декември, ( прв третман) кога во семејството нема легло. Третманот треба да се изведе со оксална киселина растворена во раствор од органско шеќер или мед (38 гр. оксална киселина во кристали се меша во 1кг.Раствор 1: 1). Овој раствор се аплицира со шприц директно врз пчелите во клубето по 50 мл. на силно развиено пчелно семејство. Надворешната температура при апликацијата треба да изнесува од 6 до максимум 12 º Ц . Ако овој третман е изведен квалитетно за време на пролетниот развој немаме притисок од болеста.

Во месеците март и април ( втор третман )како успешно средство против вароата се употребува и тн. КАС 81 кој се припрема од исушен пелин и борови иглички. Некои пчелари кај нас целокупната заштита на пчелите ја базираат на ова средство кое пчеларите се повеќе го комбинираат со другите расположливи средства.

За да се обезбеди здравјето на зимските пчели, потребно е третман во месец август ( трет третман). Овој третман може да се изведе со користење на мравја киселина, но мора да се внимава на надворешната температура.(мравја киселина не смее да се употребува на високи температури). За разлика од неа, можеме да третираме со тимол чија употреба не е зависна од температурните прилики.

Значи овие три третмани обезбедуваат намалување на притисокот од болеста, на ниво кое не е штетно врз развојот и продукцијата на пчелните заедници.

АПРЗ

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:болестиборбаорганското пчеларствоштетници
Претходен напис Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Следен напис МЗШВ: Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?