Со одлично темпо на работа продолжува да се гради капиталниот проект за штипјани, браната на река Отиња, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по електронската распределба на социјалните станови во Свети Николе. Браната на река Отиња почна да се гради по повеќе од една година и се реализирани над 37 отсто од градежните активности на терен. Бочварски истакна дека ако се продолжи со ваквото темпо, проектот ќе биде завршен на почетокот на 2024 година, во рамки на предвиденото.
-Браната на река Отиња има прогрес од 37 до 38 отсто. Динамиката оди добро. На крајот на наредната година ќе бидеме со уште поголем прогрес, а на почетокот на 2024 овој проект ќе биде завршен, вели Бочварски.
Браната на река Отиња е проект од големо значење за Штип и штипјани, кој започна да се гради во 2021 година, а се предвидени 306 милиони денари. Од пред неколку дена започна и експропријација на земјиштето околу браната.
Бочварски: Реализирани над 37 отсто од градежните активности на браната на река Отиња
Остави коментар
Остави коментар
