Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Изградба и рехабилитација на преку 1.500 километри национални и 450 километри локални патишта, на околу 500 километри комунална мрежа, продолжуваме со инвестициите во железницата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски: Изградба и рехабилитација на преку 1.500 километри национални и 450 километри локални патишта, на околу 500 километри комунална мрежа, продолжуваме со инвестициите во железницата
АгровестиРурален Развој

Бочварски: Изградба и рехабилитација на преку 1.500 километри национални и 450 километри локални патишта, на околу 500 километри комунална мрежа, продолжуваме со инвестициите во железницата

Објавено 17/09/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Инвестициите во инфраструктурата ги реализираме преку изградба и рехабилитација на преку 250 километри автопатна мрежа, изградба на 300 километри експресни патишта, преку 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и рехабилитација на околу 450 километри локални патишта. Во соработка со други министерства преку разни програми планираме изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии. Фокус и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8, утврдена ни е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови”, истакна министерот Благој Бочварски на денешната прес-конференција на која ги презентираше целите и задачите содржани во мандатното писмо.

„Довербата што ми ја даде премиерот Зоран Заев носи голема одговорност и отчетност пред граѓаните. Мандатот за Влада 2020-2024 година е обврзувачки за сите нас и она што е преточено во Владината програма да го реализираме“, истакна министерот Бочварски.

Тој потенцираше дека се залага за искористување на сите технички и човечки капацитети да се изгради квалитетна инфраструктура и да се обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции како услов за заздравување на домашната економијата и тоа преку градежниот сектор.

„Од нас се очекува во соработка со сите надлежните институции да продолжиме во спроведувањето на десетгодишната Стратегија за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност, преку инвестиции од дополнителни две милијарди евра. Притоа, продолжуваме поинтензивно со изградба на автопатот Кичево-Охрид, целосно ќе го реконструираме патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан, а ќе започнеме со постапка за проширување на автопатот Тетово-Гостивар.

Истовремено вршиме проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево како и со изградба на автопатот Скопје-Блаце. Понатаму, продолжуваме да ги градиме експресните патишта и тоа втората фаза од Штип-Радовиш, втората делница од Штип-Кочани, Ранковце-Крива Паланка и Градско-Прилеп. Започнуваме со изработка на проектна задача за автопат Прилеп-Битола. Во овој мандат ќе работиме на започнуваме со изградба и на нови два експресни патишта Смоквица-Струмица-Ново Село и Битола-граничен премин Меџитлија со обиколница Битола”, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој најави рехабилитација на преку 1.000 километри магистрална и регионална патна мрежа и инвестиции од 70 милиони евра во санација на локални патишта и улици.

„Во мандатот се обврзуваме да работиме на подобрување на квалитетот на железничката инфраструктура и да ја доизградиме пругата од Куманово до Бељаковце, да започнеме со втората и третата фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија и да ја пуштиме во сообраќај новата пруга од Битола до Кременица. По завршување на КОВИД-19 кризата се обврзуваме со активности за воведување нови дестинации и зголемување на бројот на летови од домашните аеродроми“, се обрати министерот Бочварски.

Министерот потенцираше дека денеска е потпишан и Правилникот за урбанистичко планирање како продолжена алатка на новиот Закон за урбанистичко планирање, со кои ќе се овозможи вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот, каде нема повеќе да се дозволува узурпација на просторот.

Задачите и целите содржани во мандатното писмо преку кои ќе се реализираат капиталните проекти, министерот најави дека ќе ги остварува професионално преку унапредување на политиките на транспарентност и отчетност.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бочварскижелезницаИзградба на патишталокални париштанационални патишта
Претходен напис Стабилното и суво време ќе продолжи и во наредните денови
Следен напис Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, оствари средба со претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?