Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски и Рустеми ја посетија цела траса на автопатската делница Кичево – Охрид
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Бочварски и Рустеми ја посетија цела траса на автопатската делница Кичево – Охрид
Рурален Развој

Бочварски и Рустеми ја посетија цела траса на автопатската делница Кичево – Охрид

Објавено 08/07/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вчера заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, извршија увид во градежните активности на автопатската делница Кичево – Охрид. Посетата ја искористија да направат обикола на целата траса и одблизу да се запознаат со градежните активности за изградба на овој автопат, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Должината на оваа автопатска делница е 57 километри и инвестицијата е во висина од 598 милиони евра, средства кои се комплетно обезбедени. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува околу 70 проценти.

Во текот на работната посета тие одржаа и координативен состанок со претставници од компанијата изведувач и со надзорот, каде што им беше презентирана динамиката со која се реализира овој крупен капитален проект. На состанокот се разговараше и за роковите на изградбата на петте подделници, од кои петтата подделница од Аеродромот Свети Апостол Павле до Охрид да биде пуштена за сообраќај до крај на годината, се вели во соопштението.

Од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека се посветени на реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти заради рамномерен регионален развој и модернизирање на целокупната транспортна мрежа низ земјата.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Јавен повик 01/26 за доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони Охрид, Струга, Кичево, Кочани, Битола, Струмица и Неготино
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:бочварскиКичевоохрид
Претходен напис Владиниот Економски совет ќе одржи тематска седница за земјоделството
Следен напис Околу 50.000 крави во Украина угинале од глад, жед, болести и гранатирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?