Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бизнис план во земјоделството – нова, подобра можност за модернизација на производството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Бизнис план во земјоделството – нова, подобра можност за модернизација на производството
Агровест

Бизнис план во земјоделството – нова, подобра можност за модернизација на производството

Објавено 03/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
DCIM100MEDIADJI_0215.JPG
Сподели
Ad imageAd image

Националната програма за рурален развој прераснува во инвестициска и заедно со ИПАРД 3 им се става на располагање на земјоделците преку повеќе нови мерки за набавка на производствена опрема и механизација. Вкупниот буџет на Програмата е 1,3 милијарди денари од кои најголемиот дел или 680 милиони се наменети за поддршка на бизнис план во земјоделството.

Со оваа нова мерка, како што велат од МЗШВ, земјоделците добиваат подобри можности за модернизација на производството.

-Наместо да чекаат поединечни повици, земјоделците сега ќе можат преку еден повик, отворен цела година, да одберат во што ќе инвестираат, да подготват бизнис план и да аплицираат за грант до 10 000 евра. Со средствата им се овозможува да набават нова опрема, да го модернизираат и развијат своето производство, истакнуваат од Министерството за земјоделство.

Мерката е наменета за производителите чија основна дејност е земјоделството.

-Заинтересираните земјоделци во рамки на оваа мерка може да аплицираат за набавка на восокостелен педигриран добиток, за подигнување нови повеќегодишни лозови и овошни насади, за повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора, за набавка на пчелни матици и пчелни роеви од одобрени одгледувалишта согласно Законот за сточарство, за набавка на трактори, на специјални комбајни за жнеење ориз со секачи и/или мобилни сушарници за ориз, за набавка на опрема за систем за наводнување „капка по капка“, за конструкција на бунари и други зафати на површинска вода, за опрема за тутунопроизводство, за изградба на мандри, за набавка на силоси, за опрема за навигаицја и „смарт“ земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, како и за инвестирање во обновливи извори на енергија, информираат од МЗШВ.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:бизнис план
Претходен напис Над велешко езеро Младост засадени две илјади багремови дрвца
Следен напис Цените на нафтата на глобалните пазари втора недела по ред во пораст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?