На германскиот добиточен пазар во Остерхофен, продаден е седмиот најскап бик Fleckvieh на досегашните аукции. За него се издвоени 144.000 евра, пишува Agrarheute.
Единаесетмесечниот бик го добил името Hardcore PP. Добро и правилно е развиен, а се одликува со најдобри приплодни вредности, што однапред предизвикало интерес кај станиците за оплодување.
Hardcore PP има вкупна расплодна вредност 138, вредност на месо 107, кондициска расплодна вредност 117 и надворешен изглед 116/110/108/116. Тој е еден од најдобрите и најизбалансирани хомозиготни бикови.
Тој е најдобриот машки потомок на Houston-a-Pp и Wiranga Pp.
На аукцијата го купил „Bayern-Genetik“ од „Minhena Grub“ за 144.000 евра. Тоа е првиот бик што ја проби бариерата од 100.000 евра на добиточниот пазар Остерхофен.
Одгледувачот Јозеф Драксингер од Валдкирхен, иако знаел дека нема да го продаде евтино, не очекувал дека цената ќе биде толку висока и видно се радувал за исклучително добрата награда за неговиот труд.
Земјоделците на социјалните мрежи коментираат дека тој ја достигнал вистинската „хардкор цена“.
