Без вода за пиење од 9:10 часот се делови од улиците Партизанска и Ванчо Мицков, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснија од претпријатието, причината е изведување водоводен приклучок.
Водоснабдувањето било прекинато за корисниците од крак 3 на улицата Партизанска и зграда број 97 на улицата Ванчо Мицков.
Без вода денеска од 9.00 часот ќе бидат корисниците на дел од булеварот АСНОМ, од број 24 до број 116.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на ф-150мм на булеварот АСНОМ број 68.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
