Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва и годинава за земјоделци од општина Илинден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва и годинава за земјоделци од општина Илинден
Агровести

Бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва и годинава за земјоделци од општина Илинден

Објавено 17/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Илинден и годинава ја продолжува поддршката за локалните земјоделци преку обезбедување бесплатни агрохемиски анализи на почвата. Во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна, Општината објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани земјоделци, со цел подобрување на квалитетот и продуктивноста на земјоделското производство, соопштија денеска од локалната самоуправа.

– Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека проектот има за цел земјоделците да добијат прецизни информации за состојбата на почвата што ја обработуваат. Овие анализи ќе им помогнат за правилно и навремено ѓубрење, зголемување на приносите, намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на земјоделските производи, се наведува во соопштението.

Проектот се реализира континуирано како дел од Стратешкиот план за развој на Општината, со намера да се опфатат што поголем број земјоделци и да се обезбедат сеопфатни податоци за квалитетот на обработливо земјиште на целата територија.

– Општина Илинден ги повикува сите заинтересирани граѓани да се пријават на Јавниот повик и да ја искористат можноста за бесплатна анализа на почвата, како и стручно толкување на резултатите од експерти. Јавниот повик е отворен од 17 март до 17 април 2026 година. За пријавување, потребно е да се достави копија од лична карта и имотен лист за катастарската парцела за што се бара анализа. Право на учество имаат сите жители со живеалиште на територијата на општина Илинден, а изборот ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, се додава во соопштението.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:агрохемиски анализиБесплатниземјоделциИлинден
Претходен напис Без вода повеќе скопски општини
Следен напис Николоски: Директни летови од Охрид до Братислава и Милано, нови туристи и можности за економијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?