Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска од 8.30 до 15:00 часот електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од ул.„Тодор Александров“ – Комплекс „Олимписко село“ во општина Центар.
Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 8:30 до 15:30 часот струја ќе немаат и корисниците на дел од ул. „Јустинијан Први“, од крстосницата со ул. „Речиште“ до пред ресторан „Мерита“ во општина Кисела Вода.
Дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје од 7.30 часот немаат вода поради уличен водоводен дефект на таа улица.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од бр. 4 до бр. 30 на ул. „Борис Трајковски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.
МИА
