Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Берење на десертно грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Берење на десертно грозје
Совети

Берење на десертно грозје

Објавено 25/08/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кај берењето на десертното грозје треба да се обрне поголемо внимание.Тоа се бере во суво и не многу топло време.Берењето на десертното грозје не смее да се врши во росно и магловито време, ниту кога се големи горештини.Собраното грозје во такви услови лесно се расипува и тешко се транспортира и чува.

Десертното грозје се бере со ножеви и ножици и тоа така што со едната рака се придржува за дршката на гроздот а со другата се пресекува. Постојат и специјални ножици кои ја пресечуваат дршката и ја вклештуваат меѓу сечилото и гроздот директно се става во гајба.Во секој случај треба да се внимава при берњето на десертното грозје зрната да не се придржуваат со рака, туку само за дршката и да не се брише восочниот прашец.

Десертното грозје не се бере наеднаш, туку во повеќе наврати 2- 3 ,преку таканаречени пробирни берби, кога се собира само зрелото грозје за јадење.Набраното грозје се става во гајби и се пренесува на пакување под настрешници или помеѓу патеките. Десертното грозје од одрините може да се пакува и во парцелите,зошто тие се под сенка, па и таму може да се работи. Десертното грозје се чисти од оштетени,гнили,зелени и ситни зрна.За време на чистењето на гроздовите тие се држат за дршката, а отстранувањето на непогодните зрна се врши со специјални ножици со долго сечило, за да може да достигнат подлабоко во гроздот.Тие на врвот се тапи за да не ги оштетуваат здравите зрна.При чистењето и пакувањето се води сметка да не се избрише восочниот прашец од зрната, зошто во спротивно се намалува квалитетот на грозјето. Веднаш по чистењето грозјето се сортира,и се пакува во гајби.

АПРЗ РЕ Струга
Ламбе Куциноски
Виш Соработник

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:берењегрозје
Претходен напис Употреба на нехемиски мерки за заштита на зелката од штетници
Следен напис На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Агенција за храна и ветеринарство

Регистри на државно земјиште

Електронско наддавање

ИПАРД

Државен инспекторат за земјоделство

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Консолидација на земјоделско земјиште

Македонски почвен информативен систем (МАСИС)

Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“

МЗШВ закони

/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?