Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бенефициите од зелените ленти на Табановце и Ќафасан: „Отворен Балкан“ ја олеснува трговијата и бирократските процедури на граница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бенефициите од зелените ленти на Табановце и Ќафасан: „Отворен Балкан“ ја олеснува трговијата и бирократските процедури на граница
Агровести

Бенефициите од зелените ленти на Табановце и Ќафасан: „Отворен Балкан“ ја олеснува трговијата и бирократските процедури на граница

Објавено 14/12/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од годинава на граничниот премин Табановце – Прешево и Ќафасан – Ќафтане се отворени посебни приоритетни ленти за стоки и компании со Овластен Економски Оператор (ОЕО) од земјите од Отворен Балкан. Досега во Македонија ваков сертификат имаа 24 компании, а пред две недели ваков статус доби и најголемиот македонски производител и извозник на сувомеснати производи, „Пекабеско“ АД Скопје со што стана 25. компанија која има воспоставено контрола над процесите на своето работење.

За директорот на „Пекабеско“, Слободан Кутревски, со добивањето на ваков ОЕО сертификат компанијата докажала дека стандардите на безбедност и сигурност се безусловен принцип на работење, вклучувајќи го и сегментот реализација на царинските активности.

Тој рече дека поволностите од ова одобрение, ќе дадат дополнителен квалитет и на трговско –економските релации и ќе се олесни трговијата и во пошироки регионални рамки.

„Нашата компанија повеќе од 5 години има фирма претставничка во Србија. Три и пол години се мачевме со граничните ветеринарни контроли и анализи на нашите производи, од нуклеарни до најобични, хемиски или микробиолошки анализи, што знаеја да траат и да се чекаат резултати по неколку дена, а во меѓувреме, камионите ни беа задржани на граница“, вели Кутревски, дури и се правеле анализи на стоката што била транзит и за Босна и Херцеговина.

Тој вели дека постојано поднесувале приговори за ваквите долги процедури и чекањето на граничните терминали, но се до пред година и пол, кога започна иницијативата Отворен Балкан, сето тоа немало позитивен ефект.

„Кога ги слушнавме тројцата шефови на државите иницијатори на Отворен Балкан, веднаш укажавме на нашите искуства и предизвици, за сега, нашите камиони да поминуваат граница со едно застанување, а сите потребни контроли се прават на крајната дестинација, местото на истовар, што е сосема во ред, бидејќи ниту вработените, ниту производите не се задржуваат на граница. Токму од тие причини и побаравме ваков ОЕО сертификат, вели Кутревски.

Тој рече дека сега документите ги поднесуваат електронски, камионот ја поминува границата и си продолжува на преглед на крајната дестинација, на местото на истовар.

За директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, ова претставува имплементирање на договорите што ги потпишавме со Република Србија, а неодамна и со Република Албанија и значат заеднички контроли – One Stop Shop и меѓусебно признавање на статусот Овластен економски оператор (ОЕО) на компаниите учесници во царинските постапки. Како што вели таа, Царинската Управа е интензивно фокусирана на активностите кои се во насока на понатамошно олеснување на регионалната трговијата и зајакнување на конкурентноста на домашните компании.

„Во таа насока, со Република Србија, а неодамна и со Република Албанија, ги ратификувавме договорите и потпишавме протоколи за заеднички контроли – One Stop Shop, како и за меѓусебно признавање на статусот Овластен економски оператор (ОЕО) на компаниите учесници во царинските постапки и со засилена динамика работиме на нивна имплементација во пракса. Во јуни оваа година на граничниот премин Табановце – Прешево, извршени се сите инфраструктурни зафати и целосно е ставен во примена концептот One Stop Shop, при што колегите од царина и гранична полиција од Република Србија се позиционираа на нашиот граничен премин. Со тоа и на наша страна се овозможи со единствено застанување на патничките и товарните возила да се спроведат граничните формалности. Овие контроли пред се, се однесуваат на проверка на патните исправи, а кај товарните возила затворање на транзитниот документ кој ги следи стоките“, вели Кутиров.

Врз основа на овие договори, во март оваа година на граничните премини Табановце – Прешево и Ќафасан – Ќафтане воспоставена е приоритетена лента за сите товарни возила кои превезуваат стоки од земјите од Отворен Балкан, со што е овозможен приоритетен третман и на стоките кои преку зелените коридори носат стоки од земјите членки на ЦЕФТА.

„Тука се вклучени и возилата со стоки за компании со статус на ОЕО од земјите од Отворен Балкан. Тоа има позитивен ефект на времето на чекање на граничните премини – преку даден приоритет во преминувањето на границата и спроведување на царинските формалности со скратени, како и олеснети физички и документарни контроли.“, појаснува Кутиров.

Северна Македонија, Албанија и Србија ја водат и развиваат иницијативата која има политика на отворени врати, особено за другите земји од Западен Балкан како Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и за другите земји од регионот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:open balkanотворен балкан
Претходен напис Слаб снег на Шапка, поради магла намалена видливост на Стража
Следен напис Бектеши: Поосетно намалување на цените откако ќе се потрошат претходните залихи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?