Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Секое домаќинство и деловен субјект ќе може да постави фотоволтаик и да ја продава произведената струја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Секое домаќинство и деловен субјект ќе може да постави фотоволтаик и да ја продава произведената струја
Агровести

Бектеши: Секое домаќинство и деловен субјект ќе може да постави фотоволтаик и да ја продава произведената струја

Објавено 15/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните од 1 јули годинава непречено ќе може да поставуваат фотоволтаици за производство на електрична енергија на своите покриви со инсталирана моќ до шест киловат часови, а универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ ќе биде должен да им го откупи вишокот на произведена струја или да им одбие од сметката кога ќе трошат повеќе од произведеното.

Ова се предвидува со измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија што ги подготви Министерството за економија со кои се овозможува граѓаните и компаниите да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија. Измените, како што кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, стапуваат во сила утре, со објавување на Правилникот во Службен весник.

– Со Правилникот за обновливи извори на енергија донесен од страна на Министерството за економија, согласно реформите на Законот за енергетика направени во 2019 година се воведуваат производителите-потрошувачи како нови учесници на пазарот. Согласно Правилникот потрошувач-производител е домаќинство, мал потрошувач, буџетски корисник кој може да изгради постројка за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енергија ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена електрична енергија го предава во електродистрибутивната мрежа, рече Бектеши.

Досега, како што нагласи, потрошувач-производител можеше да го предава вишокот на произведена електрична енергија во електродистрибутивната мрежа ако, меѓу другото, не бил снабдуван со електрична енергија од универзалниот снабдувач.

– Со последните измени ќе биде обврска на универзалниот снабдувач да ја преземе вишокот на електрична енергија од сите кои ќе одлучат да стават такви инсталации на своите покриви со тоа што ќе може на секои шест месеци да се направат дополнителни фактури со кои ќе им се намалат сметките или да се договорат директно да им плаќа на домаќинствата и на правните субјекти што ќе направат вакви инвестиции, прецизира Бектеши.

Досега, посочи тој, максималната инсталирана моќ беше четири киловат часови за домаќинствата, а сега се зголемува на шест, додека за малите потрошувачи беше 20 киловат часови, а сега се зголемува на 40.

Според министерот, со цел да се поттикне инвестирањето во обновливи извори на енергија, Министерството за економија ќе субвенционира до 30 отсто од трошоците за инсталирање на фотоволтаици на покривите на домаќинствата, но не повеќе од 62.000 денари за што наскоро ќе биде распишан јавен оглас. Согласно Програмата за промоција на обновливи извори на домаќинствата за 2022 година за оваа намена се предвидени  60 милиони денари.

– Секое домаќинство и секој мал потрошувач – правен субјект од 1 јули ќе може да почне со вакви инвестиции. Министерството за економија за да се олесни постапката предложи до Министерството за транспорт и врски да се направат измени во Законот за градење, односно да се избрише одредбата со која Општината издава решение за поставување на фотонапонски системи на покрив за потрошувачите-производители, посочи Бектеши.

Тој нагласи дека инвестицијата чини од 700 до 800 евра за киловат час и додаде дека во нашата држава фотоволтаиците може да работат 1.500 часа годишно.

Бектеши прецизира дека обврска на „ЕВН хоум“ ќе биде да ги промени сегашните броила на оние што ќе постават фотоволтаци на своите покриви и да постави соодветни, а за тоа нема да треба да плаќаат граѓаните. 

MИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Бектешиевн
Претходен напис ОД ДЕНЕСКА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО ВО БИТОЛА
Следен напис Извозот на огревно дрво од БиХ забранет на 90 дена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?