Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Продолжувањето на одлуката за забрана на извоз на житни култури и на маслото за јадење до 15 април не значи дека државата се соочува со недостаток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Продолжувањето на одлуката за забрана на извоз на житни култури и на маслото за јадење до 15 април не значи дека државата се соочува со недостаток
Агровести

Бектеши: Продолжувањето на одлуката за забрана на извоз на житни култури и на маслото за јадење до 15 април не значи дека државата се соочува со недостаток

Објавено 21/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Владата и се на располагање дополнителни автономни мерки и ако утврдиме дека дополнително може да се влијае во делот на ублажување на цените откако ќе се направат потребните анализи ќе бидат донесени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Бектеши во гостување на ТВ Сител, досега се направени над 1100 контроли од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи и се изречени соодветни казни, но мерките главно се почитуваат.

Мерките што се во сила како таа за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи и таа за утврдување на маржите на трговците на големо и мало, според него, имаат влијание но, како што нагласи, треба да имаме предвид и дека секако можат да влијаат и цените на репроматеријалите кои се увезуваат во нашата држава во делот на производствената цена која се формира од страна на производителите.

– Ние во делот на трговијата на големо и мало сме интервенирале во профитните маржи, каде што за три производи утврдивме да нема никаква маржа, а за другите да има 4 и 3 проценти и тоа го следиме секојдневно преку инспекторатот. Дополнително, ако треба на наредната седница ќе донесеме и дополнителни мерки од автономните кои ги имаме на располагање.Тоа би било укинување на одредени квоти кои се предвидени за одредени земјоделски производи, а дополнително и царински давачки. За одредени производи имаме царинска стапка од 29 проценти, од 32 проценти, тие ќе ги укинеме целосно, со цел да има што поголем број на производи и можност за трговците во нашата држава да имаат поконкурентни цени. Утре, задутре ќе ги направиме последните анализи за начинот како се спроведуваат и ефектите што ги имале мерките, ако утврдиме дека дополнително може да се влијае во делот на ублажување на цените секако дека во текот на оваа недела ќе ги донесеме – рече Бектеши.

Утре, задутре, дополни министерот, ќе имаме точни извештаи, ќе ги разгледаме на Влада и ќе донесеме соодветни мерки.

Според него, продолжувањето на одлуката за забрана на извоз на житни култури и на маслото за јадење до 15 април наместо првичните предвидени 10 дена, не значи дека државата се соочува со недостаток.

-Не, имаме доволно залихи од овие производи и суровини. Мерката ја продолживме заради тоа што има простор да се направи манипулација. Во моментот кога Србија објави дека ќе забрани извоз на одредени производи веднаш од соседните држави почнаа да даваат двојно или тројно поголеми цени на нашите компании и одредени сакаа да го насочат нивното производство за извоз, а не за домашниот пазар, што би можело да влијае во нашите цени внатре во државата и затоа ние одлучивме да забраниме – рече министерот Бектеши.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектеши
Претходен напис Повторно зголемени цените на нафтата на светските берзи
Следен напис Американски Легхорн – раса добри кокошки несилки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?