Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите
Агровести

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Објавено 15/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на преспанското јаболко тече многу бавно, јаболко производителите бараат владината мерка од три денари по килограм продадено индустриско јаболко, да продолжи до 30 јуни идната година.

Претседателот на Здружението на овоштари Љубен Пампулевски во изјава за МИА посочи дека околу 40 проценти од индустриските јаболка останале недособрани, а голем дел од собраните стоеле поради немање откуп. Откупната цена е два денари по килограм и три денари субвенции од државата, која важи за продадени индустриски јаболка до денеска.

-Целиот откуп беше тргни застани. Одеше многу бавно, со огромни застои. Сè уште има индустриски јаболка собрани во вреќи натоварени во приколки и чекаат да бидат предадени. Нема капацитети да ги примаат и преработат за краток временски период, бидејќи се работи за големи количини. Добар дел од овоштарите не успеаја да го дособерат и продадат индустриското јаболко, вели Пампулевски.

Доколку не дојде до продолжување на рокот за државните субвенции јаболкопроизводителите стравуваат за намалување на и онака ниската откупна цена на трпезното јаболко, кое се продава за осум до 10 денари за сортата ајдарет и 10 до 12 денари за црвен и златен делишес и муцот, по килограм за екстра класа.

-Актуелната цена не ги исполнува очекувањата кај овоштарите, не ги покрива ниту основните трошоци. Сведоци бевме на временски неприлики, кои ја зафатија Преспа, што придонесе и поголем дел од производството за заврши како индустриско. А немањето откуп на трпезното јаболко дополнително ќе ја зголеми количината на индустриско во март и април, смета Пампулевски.

Освен на домашниот пазар преспанското јаболко во минимални количини го има во Украјна, Србија и Бугарија, а не се исполнија најавите за пласман во Египет.

-Интересот за откуп и на трпезното јаболко е минимален. Од собрани 65 до 70.000 тони трпезно јаболко досега продадени се максимум 10 до 15.000 тони, а остануваат околу 50.000 тони, од кои добар дел ќе завршат како индустриско, стравува Пампулевски.

Овоштарите очекуваат што побрзо изнаоѓање решение на проблемот, а денеска треба да имаат средба на која ќе донесат заклучоци за натамошно делување. Продолжувањето на рокот на мерката од три денари по килограм субвенции сметаат дека ќе ја задржи актуелната цена, во спротивно очекуваат нејзино намалување. Вакво барање имаа во 2018 година, кое беше прифатено до Владата.

MИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:јаболкаоткупсубвенции
Претходен напис Во тек е настанот „Денови на кариера“ на Факултетот за земјоделски науки и храна
Следен напис Мерката за замрзнување на цената на оризот е со ограничен рок и заради заштита на стандардот на граѓаните, појаснува Арсовски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?