Климатските промени наскоро би можеле да предизвикаат изумирање на нашата омилена храна. Глобалното затоплување веќе предизвикува промена на временските обрасци низ целата планета, па летата станаа исклучително топли, а зимите благи. Како што се менува времето, така ќе се менува и способноста на земјоделците да ги обработуваат своите култури и да одгледуваат храна во количини на кои многумина од нас се навикнати денес. Тоа значи дека во наредните години би можеле да исчезнат голем дел од производите на кои сме навикнати и кои секојдневно ги купуваме во продавниците и маркетите.
Постојат многу причини зошто климатските промени би можеле да влијаат на храната што ни е достапна. Екстремните временски услови би можеле да ги опустошат областите што се користат за одгледување на култури и за чување на добиток. Промената на годишните времиња може да го наруши природниот животен циклус на земјоделските култури и да ги уништи областите што се потпираат на методите на двојно кастрење. Некои од омилените јадења во кои отсекогаш сме уживале, нема да бидат на нашата трпеза освен ако температурата на Земјата не престане да расте.
Банани
Омиленото овошје на многумина полно со калиум наскоро би можело да отиде во заборав, односно нивниот вкус да ни остане само како сеќавање. Површините погодни за одгледување банани во 135 земји се очекува да се зголемат до 50 отсто до 2070 година. Сигурно се прашувате зошто ова жолто овошје е на оваа листа? Како што бананите напредуваат во тропските средини, зголемувањето на глобалните температури би можело да направи поголем дел од земјиштето да биде технички способно за одгледување банани, но недостатокот на вода во овие области ќе ги поништи сите можни придобивки за овоштарите. Со недостаток на вода, зголемувањето на температурата може да доведе до зголемување на панамската болест, габична инфекција која предизвикува бананите да „умрат“ од дехидрација.
Авокадо
Исто како и бананите, и авокадото се одгледува како монокултура. Тоа значи дека една култура е засадена без голема биолошка разновидност, што ја прави поподложна на штетници и болести. За да се спречи тоа, се користат многу пестициди кои можат да и наштетат на животната средина кога се измиваат при силен дожд. Авокадото е исто така растение кое бара поголема грижа и треба да се внимава климата да не биде премногу топла или ладна. Авокадото бара многу вода што исто така ги прави многу ранливи на климатските промени. Поради недостигот на вода и промената на температурите како растечка закана, љубителите на авокадо треба да бидат загрижени.
Вино
Сортите грозје се многу чувствителни на условите на околината. Причината зошто имињата на вината се толку заштитени со нивното место е што дури и најмала промена може да доведе до разлика во вкусот што не мора да бидете сомелиер за да ја забележите. Со цел да се одржат идеалните услови за одгледување на грозје, винарите веќе бараат повисоки надморски височини за да ги произведат своите познати сорти. Една студија од 2013 година веќе предвиде дека одржливото земјиште за одгледување грозје може да се намали за дури 73 проценти до 2050 година.
Кафе
Кафето е најпопуларниот пијалок во светот со околу 2 милијарди шолји дневно. За да се задоволи големата побарувачка, во 2020 година беа произведени речиси 10 милијарди килограми зрна кафе. Но, растенијата на кафе се измачувани од разорната габа наречена „роја“ која напредуваше поради зголемените температури во Латинска Америка. Тоа предизвикува престанување на фотосинтезата на растението кафе, бидејќи листовите се обложени со спори во боја на железо. Од 2012 до 2017 година, таа предизвика повеќе од 2,5 милијарди евра штета и загуба во профит, принудувајќи речиси 2 милиони земјоделци да ја напуштат својата земја. Се предвидува дека во Африка, бројот на региони погодни за одгледување кафе ќе се намалат за 65 проценти до 2080 година. Одгледувачите бараат растенија отпорни на климата и други решенија за проблемите со кои се соочуваат.
Чоколадо
После виното, на многумина ќе им биде тешко да се помират со исчезнувањето на омилениот десерт – чоколадото. Какаото би можело да се соочи со криза на културите доколку глобалните температури се променат премногу. На зрната какао им треба специфична средина за цветање и можат да растат само на област 20 степени северно и јужно од екваторот. Потребни се балансирани температури, висока влажност, обилен дожд, почва богата со азот и заштита од ветрот кој речиси исклучиво го има во прашумите. Меѓувладиното претставништво за климатски промени (IPCC) проценува дека областите за одгледување какао би можеле да се соочат со зголемување на температурата за 2,1 степени Целзиусови до 2050 година, што драматично ќе ја намали површината за одгледување. Без условите потребни за одгледување на ова зрно, чоколадото би можело да исчезне од полиците на супермаркетите.
