Денеска го посетивме откупниот пункт на тутунската компанија Сокотаб во Драчево. Откупот на тутун влегува во финална фаза со позитивна тенденција на откупните цени.
Воедно при оваа посета се изврши примопредавањето на функцијата на досегашниот заменик – министер Трајан Димковски и новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Соработката помеѓу министерството и АФПЗРР останува да се одвива на високо ниво што гарантира силна динамика во остварување на владините политики, неселективна исплата на субвенциите и модернизација на земјоделството и руралниот развој преку националните и ЕУ програмите.
Благодарност до досегашниот заменик – министер за соработката и посветеноста и честитки до новиот министер и многу успех во управувањето со МЗШВ.

