Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, објави дека од денеска е активен е нов јавен повик за мерка ![]()
![]()
.
„Поддршката е во вид на грант од 10.000 евра кој е предвиден за лица до 40 години кои се регистрирани како како индивидуални земјоделци (И.З) согласно одредбите од законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Наша главна цел е да ги поддржиме младите луѓе чија основна професија и дејност е земјоделството.
Краен рок за поднесување на апликации е 29.08.2021.

Бачовски преку позитивниот пример за Миле Крцоски од Мешеишта, општина Дебарца, ги мотивира младите да се ангажираат околу земјоделското производство и да аплицираат за мерката од Владата.
„Миле Крцоски е млад земјоделец од Мешеиште. Фамилијарно се занимаваат со одгледување на цреши и јаболки, а поседуваат и фарма за бројлерско производство. На последниот повик за мерка 112 – помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност аплицирал и добил грант од 10.000 евра со што набавил машина за сушење на овошје. Сушена цреша и сушено јаболко се само дел од производната лепеза која ќе се најде на пазарот како нов бренд со исклучителен квалитет“ – напиша на фејсбук Бачовски.

