ИПАРД е програма финансирана 80% од европски пари и 20% од буџетот на нашата држава. Досега се реализираа ИПАРД 1 и ИПАРД 2, а до 2027 година на располагање ни е ИПАРД 3 со фонд од близу 100 милиони евра.
Се додека не станеме членка на ЕУ (а како изгледа, нема да биде брзо ) европската поддршка ќе биде преку програмата ИПАРД. Затоа да ги искористиме максимално овие средства за модернизација на македонскиот аграр и за поголем рурален развој.
Важно е да се напомене дека кога ќе се спомне ИПАРД веднаш се мисли дека е тоа само за инвестиции во земјоделско производство наменети за земјоделци, што не е точно, може да аплицира секој. Мерките на ИПАРД се поделени според типот на инвестиции во различни сектори и за рурален развој и за оваа подршка може да аплицирате како физичко лице или преку фирма. Исто така годините не играат улога. Потребно е да се исполнат условите кои ги бара ИПАРД, околу документација, градежни и други дозволи, понуди и се она што се бара во повикот, а за што ќе ви помогнат професионалните консултанти со кои соработуваме. Единствено, инвестициите преку Мерка 7 мора да бидат во Рурално подрачје до 30 000 жители. Табелата да проверите дали градот, селото или населеното место е во рурални подрачја, имате на следниот линк.
Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства
Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
Мерка 7 -„Диверзификација на фарми и развој на бизниси“
Што е важно да се знае.
ИПАРД програмата е поврат на средства, што значи мора да имате пари, дали сопствени или кредит кои ќе ги инвестирате за после реализација на инвестицијата да ви бидат вратени средствата. Ново со ИПАРД 3 е поволноста да искористите 30 – 50 % авансно од оние пари што ги побарувате од ИПАРД ако ги исполните условите за тоа. Ништо не смеете да почнете со инвестицијата додека не потпишете договор со Платежна агенција. Не се признава тоа што претходно го имате инвестирано или парите да се искористат за купување на плац, куќа или друг објект.
За да не ви биде многу комплицирано и да не се барате низ мерките, ви предлагаме соработка со која ќе ни кажете каква инвестиција планирате (фарма, хотел, рибник, откупен центар, нов насад…) и консултантите со кои соработуваме ќе ве упатат во која мерка влегува вашата инвестиција, за кога е најавен повикот и какви услови треба да се исполнат.
Најважно е да знаете дека кога ќе планирате инвестиција прво треба да склучите договор со консултант кој ќе ве води понатаму низ целиот процес ( соработка со архитектите ако има градба или во обезбедувањето на понудите и другата потребна документација). Ова ви е важно затоа што најголем процент од апликациите се одбиваат за некомплетност на документацијата.
Бидете конкретни, со идеја но и план за реализација и почетни средства за вашата инвестиција. Можноста е тука, не ја пропуштајте.
Телефон на кој можете да ни се обратите е 071 225 345
Ленче Николовска
