Денеска присуствував на традиционалното одбележување на празникот Свети Трифун – заштитникот на лозарите. Настанот е во организација на здружението „Тиквешки семејни винарии“, а се одржа во атарот на село Ресава, Кавадарци.
Во присуство на локалните лозаропроизводители, владините претставници и дипломатскиот кор, свечено се закроија лозовите гранки, со желба и надеж за плодна и бериќетна година.
Нека е честит и вековит Свети Трифун!
Фејсбук-статус на Никица Бачовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Напишете коментар