Преку програмата за директни плаќања, програмата за рурален развој, програмата за рибарство и аквакултура и ИПАРД програмата на годишно ниво државата инвестира во земјоделското производство и неговото модернизирање со буџет од над 140 милиони евра и над 70.000 задоволни корисници.
Наша основа задача е подеднакво да ги поддржуваме градинарите од Струмичко, Гевгелиско и Валандовско, тутунарите од Прилеп и Радовиш, лозарите од Тиквешкиот регион , овоштарите од Росоман и Преспа, полјоделците од Битола и Свети Николе, сточарите од Малешевијата и Полошкиот регион.
Во следниот период Агенцијата административно ќе ги реализира исплатите за предадена пченица, задржано јагне и јаре, заклани гоеници, заклано јагне како и произведеното и предадено млеко од третата фаза за 2022 година.
Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на Платежна агенција