Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Бачовски: Минатите години нашата поддршка секогаш надминуваше над 100 милиони евра кои главно завршуваа во земјоделскиот сектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО)Бачовски: Минатите години нашата поддршка секогаш надминуваше над 100 милиони евра кои главно завршуваа во земјоделскиот сектор
Агровести

(ВИДЕО)Бачовски: Минатите години нашата поддршка секогаш надминуваше над 100 милиони евра кои главно завршуваа во земјоделскиот сектор

Објавено 07/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски доби признание за висока професионалност на институцијата што ја води од здружението „Современо земјоделство“. Во своето обраќање Бачовски се заблагодари за признанието и рече дека наградата е поттик и стимул за Агенцијата како институција која е главен двигател во земјоделството и главен финансиер на сите земјоделски активности да работи уште подобро и попрофесионално.

„Ми претставува огромна чест и задоволство да ја примам оваа награда, која не ја гледам само како награда за досега постигнатото, туку и како награда што ни дава поттик и стимул да работиме уште подобро и попрофесионално како институција којашто е главен двигател во земјоделството и главен финансиер на сите земјоделски активности. Како Агенција, минатите години нашата поддршка секогаш надминуваше над 100 милиони евра кои главно завршуваа во земјоделскиот сектор кој е многу важна економска гранка и којашто е вредно да ја поддржуваме и цениме. Минатата година 2020 се соочивме со една огромна економска и здравствена криза во која големи беа предизвиците да се остане на нивото односно да не ја запоставиме поддршката кон земјоделците и мислам дека тоа успешно го направивме. Она што е најважно за нас како држава што цели кон Европската Унија, е да останеме земја којашто е лидер на Западен Балкан во искористување и имплементирање на ИПАРД програмата. Можам само да ви ветам дека и понатаму ќе продолжиме да бидеме уште посервилни и уште попосветени на институцијата која ќе биде сервис на земјоделството и агросекторот.

Може да ви се допадне

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Таг:афпрззБачовски
Претходен напис Бачовски: Пристигнати се 198 аликации за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси “ од ИПАРД 2 програмата
Следен напис (ВИДЕО) Мевмед Џемајлоски – „Најуспешен Агробизнисмен за 2021 година за Развој и модернизирање на производството и користење на ИПАРД средства“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?