Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски : Исплатени 1.5 милијарди денари директна поддршка за над 14.300 тутунопроизводители
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски : Исплатени 1.5 милијарди денари директна поддршка за над 14.300 тутунопроизводители
Субвенции

Бачовски : Исплатени 1.5 милијарди денари директна поддршка за над 14.300 тутунопроизводители

Објавено 11/04/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за произведен и продаден тутун од реколта 2023 година.

Корисници на оваа мерка се физички и правни лица кои своето производство со тутун од реколта 2023 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.

Висината на директните плаќања е 100 денари за предаден килограм тутун од 1-ва класа, 90 денари за предаден килограм тутун од 2-ра класа и 80 денари за предаден килограм тутун од 3-та класа.

Со оваа поддршка се стекнуваат над 14.300 тутунопроизводители со финансиска поддршка од близу 1.5 милијарди денари.

,,Денеска се реализираше досега најголемата поддршка за тутунопроизводителите. Вклучувајќи ја оваа исплата, од почетокот на годината до денес од програмата за финансиска поддршка во земјоделството се исплатени над 4 милијарди денари што преставува 68% од вкупниот буџет на програмата за мерките за растително и сточарско производство” – истакна директорот Бачовски.

Во периодот што следи, Агенцијата ќе продолжи со реализација на дополнителните директни плаќања за огледувачите на говеда,кози и пчели, директните плаќања за органско производство, за земјоделците кои имаат производство во подрачја со ограничени можности како и дополнителните плаќања за регистрираните земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Со завршување на контролите на лице место кај откупните претпријатија ќе следи и исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
ТИКА со поддршка за производство под пластеници од страна на продуктивните жени во Македонија
Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата
Турција дава 100 грла ситен добиток и месечна поддршка за малите земјоделци
Таг:1.5 милијарди денариБачовскиИсплатениподдршкатутунопроизводители
Претходен напис До среда сончево и топло, а потоа заладување и дожд
Следен напис Николовски: Финансиската поддршка за несилки предадени во кланични капацитети во 2024 година изнесува 150 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?