Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Бабовски: Почнува периодот за подготовка на документација за користење на средства од ИПАРД 2 за Мерка 3


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани дека од денеска е објавена Најавата за нов повик за ИПАРД, поточно за Мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи”.

Како што соопшти Агенцијата, јавниот повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020) година ќе биде објавен во втората половина на декември годинава.

Директорот на Агенцијата Николче Бабовски, информира дека од денеска, па во наредниот период, за сите заинтересирани кои сaкаат да користaт средства од ИПАРД програмата, поточно преку Мерката 3, „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи” им се дава подготвителен период од најмалку 30 дена за прибирање на потребната документација за изработка на апликации за поднесување на барања за користење на финансиска поддршка од ИПАРД 2 Програмата.

– Со помош на средствата од оваа мерка ќе може да се реализираат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, вклучувајќи и јајца, живина, овошје и зеленчук, вклучувајќи печурки, компири и легуминозни култури, житарици, млечни продукти и скроб, зеленчукови производи, масла и маснотии од животни, шира, вино и оцет, појаснува Бабовски.

Преку Мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи”, ќе може да се набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи, од растително и животинско потекло, како и да градат нови или реконструираат постоечки објекти за преработувачки капацитети, а со цел унапредување на домашниот агро – сектор и достигнување на ЕУ стандардите.

Деталите за Јавниот повик 02/2019, ќе бидат објавени дополнително, поточно втората половина на декември а огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници. Сите кои сакаат да аплицират за добивање на средства од ИПАРД 2 програмата, ќе треба да ја подготват потребната документација и откако ќе биде објавен повикот да поднесат барања. Апликациите мора да бидат целосно комплетни.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата. Во наредниот период а со цел поголема информираност на заинтересираните страни, тимови од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, од Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, и од АПРЗ, ќе одржат ИПАРД инфо денови и работилници на кои сите заинтересирани ќе можат да се информираат и да поставуваат конкретни прашања за можностите и начинот за искористување на овие средства.

Со користење на европските средства од петтата компонента на инструментот за претпристапна помош се унапредува и осовременува домашниот агро-сектор, а со тоа се овозможува зголемено производство, квалитет, како и пласман на домашните земјоделски производи во странство, се наведува во соопштението на Агенцијата. 

Ное 23, 2019agrotim1
Во Делчево утре ќе се засадуваат околу 200 саднициОбјавен огласот за градежни работи за изградба на постројка за пречистување на вода за пиење во општина Карбинци

Напишете коментар Откажи одговор

23/11/2019 Агровестбабовски, Ипард, мерка 3, период, средства440

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019