Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Ги развиваме руралните средини, денеска исплатени 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: Ги развиваме руралните средини, денеска исплатени 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети
Агровести

Бабовски: Ги развиваме руралните средини, денеска исплатени 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Објавено 27/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финснсиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, и членови на Советот на општината, денеска разговараа за реализацијата на капиталните  проекти кои се реализираат со средства од  Програмата за рурален развој. Директорот на АФПЗРР, Бабовски истакна дека општината Кавадарци има добиено  поддршка за реализација на 4 проекти со вкупна вредност од околу 50 милиони денари, и сите се од витално значење за тој крај затоа што овозможуваат  развој на рурален туризам и раст на локалната економија.

„ Преку ваквите инвестиции  овозможуваме рамномерен регионален развој и пристојни услови и можности за живот и развој на целокупниот потенцијал на руралните подрачја во целата држава. Но, не само за рурален развој, и подобрување на живот во руралните средини Владата и Агенцијата, водат сметка воошто за земјоделството.

Во таа насока, сакам да ве информирам дека денеска, се исплатени субвенциите за овошни и градинсрски култури, предадени во преработувачки капацитети. На сметките на  3.647 земјоделци, исплативме 229.5 милиони денари. Средства кој се свеж капитал во агро – секторот и кој ќе помогнат за зголемување на производството и површините.“ – истакна Бабовски.

Градоначалникот Јанчев, исткана дека во завршна фаза е проектот за реконструкција на мрежата за атмосферска канализација и водовод во Сопот со што граѓаните добиваат пристојни услови за живот.

„ Со овој проект се изврши реконструкција на водоводни линии на ул.Илинденска, ул.Коле Василев, ул.Кочо Рацин и ул.Гоце Делчев и реконструкција на атмосферска канализација на ул.Коле Василев, ул.Маршал Тито и ул.Илинденска во село Сопот. Проектот е со вредност од околу 19 милиони денари. Со овој проект во голема мера се подобрија условите во село Сопот кое е едно од најголемите села во нашата општина и во кое за среќа, младите остануваат тука да егзистираат и да живеат. Ги имаме сите услови за добар живот. Голема благодарност до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за соработката и финансирањето на овој проект. Во текот на вчерашниот ден беа асфалтирани и две улици во село Сопот, а во наредните денови ќе се изврши и поплочување на уште неколку улици, а тоа докажува дека Општина Кавадарци во континуитет работи на развојот на руралните средини и подобрувањето на условите. “  истакна градоначалникот Јанчев.

 Владата, Агенцијата и министерството ќе продолжат да креираат мерки и програми кои овозможуваат рамномерен регионален развој и домашно земјоделско производство кое во оваа време на пандемија е од огромно значење. Земјоделството е наша шанса за успех и обезбедување на храна за домашните и странски пазари.

Може да ви се допадне

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Таг:бабовскиисплатаовошни културисубвенции
Претходен напис (Видео) Органското земјоделство, како симбол за растење на човештвото!
Следен напис Бабовски : Петстотини и четириесет земјоделци ќе добијат нови трактори преку програмата за рурален развој, денеска беа доделени првите пет договори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?