Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Нов дополнителен рок од 15 дена за поднесување на барања за „Мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Бабовски: Нов дополнителен рок од 15 дена за поднесување на барања за „Мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“
Фондови

Бабовски: Нов дополнителен рок од 15 дена за поднесување на барања за „Мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“

Последна измена: 25/03/2020 11:51
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

До 29 април 2020 година се пролонгира рокот за поднесување апликации за користење ИПАРД средства за мерката Инвестиции во земјоделски стопанства, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Пролонгирањето од 15 дена е поради новонастанатата состојба со коронавирусот.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, целта е да им се излезе во пресрет на сите земјоделци и стопанственици, да достават комплетни и квалитетни апликации.

– Очекуваме дека со овој дополнителен период ќе им овозможиме на заинтересираните да ги приберат сите потребни документи за да подготват инвестициски проекти кои во сите делови ќе ги задоволат условите кои се пропишани во ИПАРД Прогрмата, со што ќе се овозможи поголема искористеност на средствата – вели Бабовски.

Преку Мерката 1 се овозможува унапредување на домашните земјоделски стопанства како и унапредување на домашните претпријатија од агро-сектрот.

– Сите што сакаат да аплицираат треба пополнетото барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната потребна документација да ги достават во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2020 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата до 29- ти април 2020. По завршување на инвестицијата, барателот е должен да достави до Агенцијата барање за исплата во рок утврден во Договорот за користење на средства – наведува Агенцијата.

Директорот Бабовски нагласува дека со оглед на состојбата со коронавирусот Агенцијата и целата ИПАРД структура, ги разгледуваат сите опции и работат на изнаоѓање соодветни решенија во интерес на земјоделците и корисниците околу апликациите, роковите и реализациите на проектите од ИПАРД и од националните програми за поддршка.

Може да ви се допадне

ИПАРД 3: Можност за авансна исплата од 30-50% по потпишување на договор со Платежната агенција
АФПЗРР: Потпишани нови договори за финансиска поддршка од Мерка 3 и презентирана можноста за авансно плаќање
Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам
Не ја пропуштајте можноста за 600 000 евра ГРАНТ за РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…
Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства
Таг:бабовскимеркаоглассредствастопанства
Претходен напис Пиварите наместо пиво произведуваат средства за дезинфекција
Следен напис ХЕМОМАК со препорака до земјоделците: Почвени хербициди за сузбивање на плевели во пролетни култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?