Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: АХВ ќе потпише меморандум за соработка со Канцеларијата за ветеринарство на БиХ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: АХВ ќе потпише меморандум за соработка со Канцеларијата за ветеринарство на БиХ
Агровести

Бабовски: АХВ ќе потпише меморандум за соработка со Канцеларијата за ветеринарство на БиХ

Објавено 19/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на „2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка” кој утре и задутре ќе се одржи во Охрид, а чиј домаќин е Агенцијата за храна и ветеринарство, првиот човек на Агенцијата, Николче Бабовски, денес оствари работен состанок со Саша Бошковиќ, директор на Канцеларијата за ветеринарство при Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина. Унапредување на соработката во делот на здравствената заштита и благосостојбата на животните, интензивирање на активностите во рамки на регионалната иницијатива за превенција, контрола и сузбивање на болестите кај животните и размена на искуства, се дел од темите на кои се разговараше на средбата.

-Договоривме и досегашната плодна соработка да ја официјализираме со потпишување на меморандум за соработка меѓу двете институции. Очекуваме дека тоа ќе биде основа не само за интензивирање на меѓуинституционалната соработка, туку и за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, истакна Бабовски.

Тој го запозна директорот на босанската Канцеларија за ветеринарство со тековните активности кои ги спроведува АХВ на полето на здравствената заштита и благосостојбата на животните, вклучително и за активностите за сузбивање и контрола на африканската свинска чума и птичјиот грип кои неодамна се појавија во земјава. Од состанокот произлезе заедничка оценка дека унапредувањето на соработката во областа на ветеринарството, размената на идеи и информации и во рамки на регионалната иницијатива за соработка ќе придонесат и за унапредување и интензивирање на соработката и трговијата меѓу двете држави.

Во рамки на билатералната посета на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот на Канцеларија за ветеринарство на Босна и Херцеговина Саша Бошковиќ, посети неколку стопански објекти, меѓу кои и најголемиот извозник на месни преработки во Босна и Херцеговина, компанијата Пекабеско.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:ахвбабовскиБиХмеморандум
Претходен напис Како се подготвува јаболково вино со извонреден вкус
Следен напис Jагнешкото месо поради високите цени сè помалку достапно за граѓаните на Кичево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?