Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Баба Трајана на 93 години плете чорапи без наочари и произведува домашно козјо сирење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Баба Трајана на 93 години плете чорапи без наочари и произведува домашно козјо сирење
Магазин

Баба Трајана на 93 години плете чорапи без наочари и произведува домашно козјо сирење

Објавено 19/03/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако ја тера 93-та година од животот, баба Трајана многу вешто и без наочари плете волнени чорапи, а ја продолжува и традицијата на производство на домашно сирење. МИА деновиве ја посети во нејзиниот дом преполн со љубов и позитивна енергија. 

– Фала и на судбината, се уште ми се гледа. Годините се многу. Се туркам, паѓам, станувам и па одам, заврза таа муабет со нас, а насмевката не се тргна од нејзиното лице, за целото време додека разговаравме. 

Таа ни откри дека очила носи само по потреба, ама за плетење не ѝ требаат. И самите можевме да се увериме дека плете квалитетно, не испушта ниту еден котелец. 

Потекнува од кавадаречко Страгово, познато сточарско село прочуено по производството на квалитетно сирење. Занаетот за подготовка на сирење со извонреден квалитет, го научила од нејзината мајка. Уште кога била дете. Со години тој занает и тајната за правење на сирење за прсти да излижеш, се пренесуваат, како аманет во семејството. Педесет и трета година, како живеат во Неготино. За неа, велат дека со децении, ги радувала муштериите со млеко и вкусно сирење, вкус што се памети и за кој се прераскажува. 

Скромната жена ни кажа дека нејзините родители, браќа и сестри, не биле многу долговечни како неа. 

– И од тија и од тија сој, по мајка и по татко, само ја су вака со повеќе години, коментираше таа. 

Самата смета дека долговечноста и се должи на здравата исхрана. Целиот нејзин живот одгледувале најпрвин овци, па крави, сега се уште кози. Домашно месо, млеко. Си правеле јајчаник, зелник, баник, масленица. Или, како што рече таа, ништо купечко, ништо вештачко. 

Сега одгледуваат седум кози и единасесетина јариња, колку да ги задоволат потребите на поширокото семејство.

– Пијме млеко козјо и децта пијат. Угу иама домашно млеко. Порано, продаваме сирење и на пазарот. Ако ме нема на пазарот, дома идеа по сирење, откри оваа супер бабичка. 

Девет години е без сопругот. Ја зема неговата пензија, бидејќи таа целиот живот била домаќинка и сточарка. Има три деца, пет внуци и 10 правнуци. Задоволна е што се уште може да гледа и да слуша, што ја држи умот и помнењето. Витална е, за разлика од многу други на нејзина возраст. Самата се пере, си ја чисти собата. Огнот сама си го „вал“, а го „вале” дури и огнот на помладите во семејството, внуката и внукот со децата. Никогаш не пушела цигари. Не пие ниту ракија, ниту вино, иако живее во најголемиот и најпознат лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот. 

Вистинска домашна атмосфера владее во домот на Петрови. Шпоретот на дрва не само што топли, таа топлина дава некоја посебна магија што потсетува на детството. Циглата на плочата од шпоретот што се топли, како да зборува за едно минато време кога постарите ја вжештуваа, за да си ја натоплат половината во студените зимски денови. А тенџерето, тенџерето секогаш мистериозно како да се насмевнува, бидејќи само тоа најдобро знае дека најдобриот зачин во кујната е токму љубовта. Најслатко е јадењето зготвено со многу љубов и посветеност. 

Убаво си помуабетивме со една од најстарите неготинки, па и тиквешанки. Ја фотографиравме како плете. Последните волнени чорапи ги сплетила деновиве, за брзо време, да ги топлат нозете на внукот, додека бере дрва во планината. Долго ни раскажуваше за времињата поминати, за сплетените елечиња, џемпери, за миговите кога правела домашен сапун, ткаела на разбој килими, јамболии, кога деновите и поминувале во друштво со кросното, преѓата, вретеното. 

– Мачно се живееше, синко. Жнеј, копај, врши, се рачно и мачно, евоцираше спомени старицата. 

Животните предизвици и битки за подобро утре, оставиле бразди на нејзиното лице и раце. Се присети како во нејзино време, најголем дел од девојчињата не ги пуштале  да се школуваат после четврто одделение, оти требало да се учи во друго село. Тие морале да работат, за да им помагаат на родителите да го прехранат семејството. Многу пати се случувало женските деца интензивно да работат, додека машките продолжуваат да се школуваат. 

И на овие години таа и е од голема помош на нејзината внука. Го надгледува ручекот, се грижи за малолетните правнуки, кога не се на училиште и градинка, а кога родителите им се отсутни. Но, истовремено, таа е бескрајно благодарна на наследничката што и го носи името, бидејќи во староста, може да се потпре на неа. Заедно го пијат и кафето. 

Со многу милост во гласот но и гордост, нагласи дека спечалиле многу во животот, но,  семејството е нејзиното најголемо богатство. 

Посебно се гордее со правнуките коишто се вртат околу неа, ја гледаат како плете, крадат што се вели од мајсторлукот. Марија, Симона, Стојне, Божица. Со радост и нестрпливост ги чекаат нејзините приказни крај шпоретот. Таа раскажува, а звукот од дрвата што горат, како да е некоја пропратна музика на секој нејзин збор. 

Како да има некоја посебна поврзаност помеѓу највозрасниот и најмладиот член во семејството. Можеби тајната за тоа лежи во фактот што и бабата и правнуката Марија која догодина ќе биде прваче,  се родени тука некаде, во месеците септември и август. 

Немам, одговори на прашањето баба Трајана, дали можеби има договор со судбината, колку долго да живее. Колку е пишано, толку, рече. 

И не е важно колку ќе живее. Важно е дека е опкружена со внимание, а таа шири позитивна енергија наоколу. Нејзините наследници, ќе има по што да ја споменуваат и да се сеќаваат на неа. На жената што и во десетата деценија од животот и пркоси на староста.  Другарувајќи со иглите и конецот, плете и убави моменти, по кои ќе се сеќаваат на неа. Секој би посакал таква баба. 

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Баба Трајанакозјо сирењеплете
Претходен напис Времето денеска сончево, од утре пораст на температурите
Следен напис Вечерва почнува пролетта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?