Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Аргатите и аргатските дневници, тема на состанок вечерва во кавадаречко Сопот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Аргатите и аргатските дневници, тема на состанок вечерва во кавадаречко Сопот
Агровести

Аргатите и аргатските дневници, тема на состанок вечерва во кавадаречко Сопот

Објавено 23/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Аргатите и аргатските дневници се тема на која ќе се разговара на состанок вечерва во кавадаречкото село Сопот, а организаторите очекуваат присуство на сопственици на лозја и аргати.
Целта е, како што рекоа лозаропроизводители за МИА, да се утврдат цените по коишто ќе се плаќа аргатската работа за берење грозје. Но, ќе се утврдува и цената за кирија, што ќе ја плаќаат аргатите што доаѓаат од други општини, а за време на гроздоберот, ќе престојуваат во Тиквешијата како најголем лозарски регион во државата.

-Се одлучивме на ваков чекор, бидејќи се случи вчера аргати да берат грозје за дневница од 1.200 денари, а денеска да бараат 1.500 за работа од шест до 12 часот. Што е многу, многу е. Сакаме договор , да се знае цена и работно време. Свесни сме дека тие што имаат помалку грозје несакајќи прават пореметување на цената за аргатска работа, бидејќи за да го оберат побрзо малиот род спремни се да платат и поскапо. Но, со тоа им создаваат проблеми на тие што живеат од лозарство и се регистрирани земјоделци со големи плантажи лозови насади. Не знаеме дали ќе успееме во нашата намера, ама барем ќе се обидеме, рекоа лозари со коишто разговараше МИА.

Во Сопот доаѓаат да берат грозје аргати од Кочани, Штип, Крива Паланка.

Лозарот Стефан Стојчев кој стопанисува со 30 хектари лозје, за МИА рече дека минатата година аргатите кај него береле грозје за илјада денари дневница. Од друга страна, аргати од Неготино со се децидни дека минатата година работеле за дневница од 1.300 денари. Годинава, за 1.400 денари со нивни превоз и јадење. Береле грозје од 5.30 до 12 часот. Цената била покачена, оти зголемени биле сите трошоци за живот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аргатигрозјеСезонски работници
Претходен напис Николовски за поддршката во лозарството: Директни субвенции за лозарите, грантови за семејни винарии, исплатено грозје
Следен напис Сточарите од денес почнаа да добиваат монтажни куќарки со фотоволтаични панели за сместување на овчарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?