Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Апел на Шукова за комуналните услуги во Полошкиот регион: Граѓаните повеќе да плаќаат, претријатијата почесто да чистат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Апел на Шукова за комуналните услуги во Полошкиот регион: Граѓаните повеќе да плаќаат, претријатијата почесто да чистат
Агровести

Апел на Шукова за комуналните услуги во Полошкиот регион: Граѓаните повеќе да плаќаат, претријатијата почесто да чистат

Објавено 01/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова од Тетовско упати апел до граѓаните и локалните институции во Полошкиот регион за поголема интеграција во однос на прашањето на справување со отпадот. Таа посочи дека двете страни редовно треба да ги исполнуваат обврските со цел да има почиста животна средина.

– Граѓаните бараат услуга, јавните претпријатија треба да дадат услуга. Меѓутоа граѓаните за да добијат услуга, треба да платат и за услугата. За жал, во Полошкиот регион нивото на наплата на услуга е многу ниско во однос на другите региони. Апелирам да се зголеми наплатата, значи граѓаните да плаќаат ама и, јавните претпријатија да се обратат спрема граѓаните да си соберат средства коишто потоа треба да ги инвестираат во расчистување на дивите депонии во регионот, изјави Шукова. 

Според министерката, централната власт преку странските фондови учествува во справувањето со отпадот.

– Имаме постојано средба со градоначалниците. Полошкиот регион е планиран како еден од регионите коишто се финансира од новиот заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за воспоставување на основна инфраструктура за управување со отпад по европски стандарди. Кај Полог е планирана дорехабилитација на Русино. Таму швајцарската Влада вложи дел од средствата. Еве и во рамките на овој заем се планирани, меѓутоа што е битно- обврските да ги исполнуваат сите, посочи министерката Шукова.

Таа денеска беше во Туденце, Општина Јегуновце каде почнаа градежни работи во коритото на река Вардар со цел превенција на поплави.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:комуналните услугиПолошкиот региончистатШукова
Претходен напис Зголемен бројот на работници во инсустријата
Следен напис Бачовски: Агро Фуд Компани, со поддршка од 30 милиони денари од ИПАРД 2 до модерен објект по европски стандарди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?