Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Антракноза на јагодите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Антракноза на јагодите
АгровестиРастително производство

Антракноза на јагодите

Објавено 07/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премногу влага и висока температура на воздухот се идеални услови за развој на габата Colletotrichum fragariae. Симптомите се појавуваат на столоните и лисните дршки, прво во вид на ситни црни дамки, кои со тек на време се зголемуваат. Кога болеста ќе ја зафати столоната, делот над зафатеното место, доколку не е вкоренет, се суши.
Доколку е зафатена лисната дршка, лиската се суши и пропаѓа.
При поволни услови, топло време и влага, симптомите се јавуваат на плодовите. Светли или воденести дамки се јавуваат на плодовите кои дозреваат. Со тек на време дамките се зголемуваат, се спојуваат и целосно го зафаќаат плодот, кој подоцна се суши.
Симптомите се јавуваат и на чашкините ливчиња кои се сушат и пропаѓаат.
На листот се јавуваат тркалезни дамки со пречник 1-3 мм. Обично се црни, а понекогаш
светло-сиви.

Симптомите на антракноза често може да се помешаат со сиво гниење предизвикано од Botrytis cinerea. Сепак, постои разлика. Кај сивото гниење, на плодовите се појавува сивкаста обвивка со мицелиум, а кај антракноза, плодовите само поцрнуваат без мицелијална обвивка.

Сузбивањето на болеста се врши со агротехнички и хемиски мерки.

Агротехничките мерки вклучуваат: садење здрав саден материјал, засадување на поотпорни – потолерантни сорти на антракноза, плодоред (минимум три години, а се препорачува и петгодишен плодоред), умерено ѓубрење со азотни ѓубрива.

Антракнозата се пренесува со садниот материјал, па затоа садењето сертифициран, здрав саден материјал е основната превентивна мерка.

Мерките за хемиска заштита се доста тешки бидејќи габата брзо станува отпорна на фунгициди. Превентивно може да се третира со фунгициди на база на манкозеб, каптан, дифеноконазол + цифлуфенамид.

Третманот треба да се направи во почетните фази на развојот на болеста, додека дамките се уште се на дршките.

Добра заштитна мерка е третирањето на растенијата јагоди со препарати на база на бакар за време на зимското мирување.

За заштита од антракноза се препорачува и мулчирање со слама меѓу редовите

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:антракнозајагоди
Претходен напис На подрачјето на Скопје ќе се прска против комарци
Следен напис Ангелко Ангелески, агрометеоролог: Секојдневните врнежи негативно се одразуваат на земјоделското производство, а особено на пчеларството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?