Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Антициклонот Харон носи екстремни горештини – Се очекува температурите неделава да го надминат европскиот максимум од 48,8 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Антициклонот Харон носи екстремни горештини – Се очекува температурите неделава да го надминат европскиот максимум од 48,8 степени
АгровестиАгропрогноза

Антициклонот Харон носи екстремни горештини – Се очекува температурите неделава да го надминат европскиот максимум од 48,8 степени

Објавено 20/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјите во Јужна Европа поминуваат низ втор топлотен бран во последните две недели со температури кои едвај се издржуваат. Новиот антициклон Харон, кој го добил името по чамецот од грчката митологија кој превезува души во подземниот свет, предизвикува екстремни горештини и се очекува да трае најмалку до крајот на неделата.

Шпанската метеоролошка агенција Аемет објави дека топлотниот бран оваа недела „ќе зафати голем дел од земјите кои граничат со Медитеранот“. Температурите во јужните делови на земјата би можеле да се искачат над 42 степени Целзиусови, но најверојатно ќе почнат да опаѓаат во среда.

Грција се соочи со разорни шумски пожари кои се шират низ боровите шуми кои се суви поради жештините. Ветерот ги прошири пожарите во североисточна Атика, Лутраки, Девенорија и Боетија. Издадени се наредби за евакуација за најмалку шест градови долж брегот бидејќи ветровите достигнуваат брзина од 70 километри на час.

Во Италија, здравствените власти ги интензивираа предупредувањата за жештините, а Министерството за здравство побара од регионите да ги зголемат повиците до старите и ранливите лица за да не мора да излегуваат да бараат медицинска нега.

Предупредување стигна и во другите земји, вклучително и Франција, Германија и Полска, кои исто така би можеле да се соочат со екстремни горештини во следните неколку дена.

Светската метеоролошка организација предупреди дека со засилување на топлотниот бран на северната хемисфера оваа недела, ноќните температури ќе се зголемат што ќе доведе до зголемен ризик од срцев удар и смрт.

Експертите велат дека повеќе од 60.000 луѓе ширум Европа починале во минатогодишните топлотни бранови. Италија, Грција, Шпанија и Португалија биле најпогодените.

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
Утре сончево со умерена облачност
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Таг:антициклонвисоки температурижештинажешколетохарон
Претходен напис ММФ: Напуштањето на иницијативата за жито од страна на Русија е голем ризик за безбедноста на храната
Следен напис Минатата година ЕУ вложила 69 милијарди евра за заштита на животната средина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?