Проектот на Агротим – Договорно производство на органска пиперка 2022 кај Никола Ќиров во Кавадарци го следиме од самиот старт, од склучување на договорите, подготовка на расадот, расадувањето, а сега дојде на ред чистењето од плевели.
За таа цел, Никола ангажира сезонски работници кои неколку дена ќе ја чистат тревата, а потоа ќе следи агротехничка мерка, прихрана и заштита.
Моментално сме на насадот каде што се одгледува органска пиперка. Се работи на чистење на тревата затоа што знаеме дека во органското производство е строго забранета употребата на хербициди. Требата треба да се исчисти за да му се даде стимул на растението да напредува без застој, вели советничката за органско производство Ангела Ѓеровска.
Моментално помагаат и временските услови на овој дел во Кавадарци каде што немаме некои временски неприлики. Денес ќе биде чистењето, утре ќе имаме третман за прихрана и заштита од инсекти.
Следна агротехничка мерка, ќе видиме како ќе се одвива растот на тревата затоа што дадовме ѓубриво со висок процент на органски материи што даваат поголем стимул на плевелите. Според временските услови ќе видиме како ќе биде. Следно ќе биде третирањето, заштита од инсекти и прихраната, а после следните десет дена ќе видиме според временските услови која агротехничка мерка ќе ја примениме.
Проектот Договорно производство на органска пиперка втора година по ред е со поддршка на
Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.