Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анализа: Кризата поради Ковид-вирусот ги поттикна земјоделците да размислуваат за нови канали на продажба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анализа: Кризата поради Ковид-вирусот ги поттикна земјоделците да размислуваат за нови канали на продажба
АгровестиПазари

Анализа: Кризата поради Ковид-вирусот ги поттикна земјоделците да размислуваат за нови канали на продажба

Објавено 25/12/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кризата најмногу ги погоди примарните производители, посебно оние кои се на работ на одржливост. Предизвика и затворање на вообичаените канали за продажба поради што некои земјоделци ги продале производите директно на трговци по пониски цени, дел од вишоците се фрлени, а дел се оставени на нива. Во сточарството, грлата наменети за продажба се задржани за приплод или за продолжено гоење.

Ова го покажуваат двете анализи што денеска преку зум конференција ги презентира Националната федерација на фармери.

Според истражувањето, ваквата ситуација ги поттикна земјоделците да размислуваат за нови стратегии, канали и инвестиции кои ќе им овозможат продажба.

Како што беше речено, потребно е да се работи на развивање на пазарот на кредити, како и на факторинг и лизинг услугите во земјоделството. Особено е изразена потребата од воспоставување државен гарантен фонд и кредити димензионирани за малите фармери.

-Корона кризата ја истакна важноста и потребата од стабилен систем на храна што функционира во секакви околности и што е во состојба да обезбеди до потрошувачите доволно и континуирано снабдување по достапни цени. Пандемијата исто така ја истакна улогата на земјоделските производители во синџирот на снабдувањето со храна. Малите земјоделски производители се најранливата категорија, бидејќи истовремено мора да се справат со шокот предизвикан од корона кризата, како од здравствен, така и од економски аспект. Глобалната криза всушност ги продлабочи проблемите со кои и онака се соочуваат земјоделците, особено оние кои се на работ на одржливост, истакнаа учесниците на конференцијата.

Според нив, во последните пет години се забележува слаба кредитна активност од страна на земјоделските стопанства, бидејќи сѐ уште не е доволно развиен пазарот на кредити во земјава. Скоро и да не постои разлика во финансиското однесување помеѓу оние домаќинства што остваруваат годишен приход под 1.300.000 денари од оние што остваруваат поголем приход.

-Според Анализата за наружени пазарни врски, од анкетираните 90 лица, 98 отсто истакнаа дека КОВИД пандемијата најмногу ги погоди примарните производители. Од друга страна, 82 процента од земјоделците рекоа дека корона пандемијата ги поттикна да размислуваат за нови стратегии, канали и инвестии за реализација на продажба, потенцира претседателката на НФФ, Васка Мојсовска.

Анализата потврди дека корона кризата ја истакна потребата за прилагодливост и издржливост на земјоделските стопанства.

Според Анализата за информации за финансиски производи достапни за малите фармери во руралните средини, пак, малите фармери ги немаат сите информации за достапноста на финансиските инструменти во земјоделскиот сектор, како и за начинот на кој може да се искористат.

-Во таа насока, неопходно е континуирано зголемување на свесноста, доедукација и зголемување на финансиската писменост на земјоделците, порчаа експертите.

Васко Хаџиевски од Шведската организација за развој We effect, тоа што е важно и на што треба да се работи во следниот период во земјоделството е маркетингот и финансиската инклузија.

Анализата на информации за финансиски производи достапни за малите фармери во руралните средини и Анализата за нарушените и прекинати пазарни врски во земјоделството како резултат на корона кризата и препораки за нивно надминување на краток и среден рок се изработени во рамки на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ поддржан од Шведската развојна организација We Effect.

Извор: makpress.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:анализаНационалната федерација на фармери.нови каналипродажба
Претходен напис Милевски: Со целосно реконструирани ски-лифтови по 40 години на Пониква се создаваат услови за зимски туризам, на ред се Кожув и Пелистер
Следен напис Шпанија започна проект за враќање на луѓето во руралните области
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?