Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АНАЛИЗА: Хигиената како профитабилен бинзис – 43 милиони евра приход и удвоена добивка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АНАЛИЗА: Хигиената како профитабилен бинзис – 43 милиони евра приход и удвоена добивка
Агровести

АНАЛИЗА: Хигиената како профитабилен бинзис – 43 милиони евра приход и удвоена добивка

Објавено 18/11/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЧИСТИ ЗГРАДИ – ПОЛНИ СМЕТКИ, а само да ги видите платите.

Управувањето и чистењето згради, дејност што вклучува фирми што се грижат за хигиената, одржувањето и функционирањето на деловни и станбени објекти, бележи значаен подем во финансиска смисла. Вкупен приход од 43,2 милиони евра зголемен за 22 насто и речиси удвоена добивка од 4 милиони евра е заедничкото минатогодишно достигнување на 253 компании од овој сектор.

Работата ја изведуваат 2.965 лица, што би требало да соодветствува со обемот на преземените обврски, бидејќи во бројната состојба има раст од 1,33 насто. Процентот ги претставува 39-те нови вработувања. Истовремено, просечната месечна исплатена плата достигнала 69,8 илјади евра или за 22,46 насто повеќе од преклани. Кога оваа сума ќе се подели со бројот на вработените, се добива просек од 380 евра. Меѓутоа, од податоците на Бизнис Мрежа [2] врз кои се заснова оваа анализа на Пари [1], може да се види дека одделни фирми добро плаќаат – некаде просечното месечно примање е 1.600 евра.

ДЕСЕТ КОМПАНИИ ГЕНЕРИРААТ 60 НАСТО ОД ПРИХОДИТЕ

Според резултатите, со услугите што ги обезбедуваат на пазарот доминираат десет компании. Кај нив се канализирани 60 насто од остварените приходи во дејноста. Претставниците на првата десетка заедно инкасирале 26 милиони евра, што е за 14,54 насто повеќе во споредба со 2023 година. Осум компании во своите деловни книги завеле позитивни промени.

Иако тоа не е случај кај Серта (‒ 5,65 %), сепак оваа компанија го задржала водството со приливите од 4,5 милиони евра. Вториот минус, од 20,15 отсто, е на Инфинити Клининг Гроуп, чијшто приход од 2,1 милион евра опаднал на 1,7 милиони евра.

Според процентуалниот раст, пак, од 85,15 насто, кој е и највисок во овој сегмент, Ланд-сервис имал двојно повеќе работа, а за тоа се наплатени 3,1 милион евра. Во генералната слика, пет компании имаат раст над нивото од 20 насто, а тоа веројатно е показател за зголемената побарувачка на професионални услуги за чистење и одржување.

СИТЕ ИМААТ ЗГОЛЕМЕНА ДОБИВКА

Слична е состојбата и во делот на добивката. Конкретно, 52 насто од вкупната добивка е сконцентрирана кај најпрофитабилните десет компании. Станува збор за сума од 2,1 милион евра, што е за 110 насто повисока од претходното остварување. Притоа, воочливо е дека профитот расте, односно меѓу десетте најдобри нема фирма што пријавила пад на профитот.

Во тие рамки, најмалата позитивна промена е 6,54 насто и се однесува на четврторангираниот Глобе Вилиамс; две компании имаат раст од над 20 насто; две компании имаат раст од над 40 до над 80 насто; а четири компании имаат раст поголем од 100 насто. Во тоа друштво отскокнуваат Ланд-сервис со високите 583,16 насто и Техно-чист со уште повисоките 756,69 насто.

На врвот од листата повторно е Бигор Клининг, овојпат со добивка во износ од над 423 илјади евра.

ПОВЕЌЕ РАБОТА, ПОМАЛКУ РАБОТНИЦИ

Од 2.965 вработени на ниво на дејноста, 68 насто или 2.028 лица лебот го печалат кај десетте најголеми работодавачи. За една година нивниот број е намален за 2,73 отсто. Причина за тоа е намалувањето на кадарот во шест фирми.

Најголемиот одлив од 33,62 отсто е кај Хауз мајстор Плус, каде што преклани работеле 235, а лани 156 лица.

Фирмата, пак, со најголем раст на приходите и со големо натфрлување на профитот ‒ Ланд-сервис, своите редови ги зајакнала со 100 нови вработени. И овде е прва според процентите (+ 50 %), а втора по екипираноста (300), веднаш зад предводникот и на оваа листа, Серта, компанијата што лани функционирала со 409 вработени.

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 600 ДО 1.600 ЕВРА

Платите и нивните износи не се поврзани ниту со приходот ниту со профитот. Оваа листа е посебна, нема називи на компании од овие што досега се наведени. Освен тоа, гледајќи ги годишните движења, може да се заклучи дека просечните месечни примања се во трендот на изразен подем, а впечатливи се и апсолутните износи. Секако, под овие констатации не подлежи целиот сектор.

Разбирливо, има разлики и меѓу водечките компании. Сепак, повеќето прикажуваат високи стапки на зголемување, од над 100 до над 500 насто. Има шест такви примери. И кај речиси сите – платите растат паралелно со намалувањето на официјално вработените. Половина, пак, од тие што се на оваа листа имаат само еден вработен.

Најголемиот раст, од 581 насто, е во Урбан Ливинг Проперти Менаџмент. Таму платата се зголемила од 170 на 1.100 евра, а бројноста на кадарот опаднала од седуммина (2023) на еден. Толкав е просекот исплатен и во МСС-мобилен санитарен сервис, само што таму растот е поприземен – од 26,69 насто. И соодветствува со бројноста на тимот, кој се намалил од 15 на 12 лица.

Макси Клин од Штип е втор со зголемувањето од над 527 насто. Просечно исплатената плата во 2023 година била 250 евра, а лани 1.600 евра и е највисока во оваа конкуренција. И ја добивал еден човек.

Уште една компанија со платите е на самиот праг од 1.000 евра. Тоа е Каса Пулита, каде што просекот е кренат за речиси 202 насто. Исто така, завршувала на една сметка.

Другите од оваа листа исплаќале плати во просек од 680 до 980 евра. Само една компанија, последната во ова друштво, Перфект Чисто, која функционирала со двајца вработени, регистрирала извесно намалување од 1,87 отсто.

Со по еден вработен се и Еонфлекс и Феникс Фасилити (и во двата случаи претходно работеле четворица). Од Екодим заминале двајца и лани работеле осуммина. Џевахир управување енергија и градежништво ги вршел работите со четворица, а 4 БТ и Перфект чисто со по двајца вработени. Во овие десет фирми, според податоците, лани работеле 33 лица.

Целата објава на следниот линк: https://pari.com.mk/cisti-zgradi-polni-smetki-a-samo/

Извор: Редакција Пари

Може да ви се допадне

На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Таг:анализабинзисдобивкаХигиената
Претходен напис Советодавни денови помеѓу Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување
Следен напис Прилепскиот тутунски комбинат започнува со откупот на тутунот на 34 пунктови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?