Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Алијанса премиум обединува 18 мали производители кои со цел поголема видливост на пазарот ги пласираат своите производи под брендот „Премиум”.
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > (ВИДЕО) Алијанса премиум обединува 18 мали производители кои со цел поголема видливост на пазарот ги пласираат своите производи под брендот „Премиум”.
Агровест

(ВИДЕО) Алијанса премиум обединува 18 мали производители кои со цел поголема видливост на пазарот ги пласираат своите производи под брендот „Премиум”.

Објавено 23/02/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По усвојувањето на новите програми наменети за поддршка на малите производители на храна и пијалаци од страна на Владата, преку Програмата за финасиска поддршка на мали производители на храна, овозможена е поддршка во форма на неповратен грант до 600.000 денари за поддршка во набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг.

„Наша цел е преку оваа програма да мотивираме нови 2.000 земјоделци, кои веќе произведуваат некаков традиционален производ, да се регистрираат во АХВ и легално да можат да го вршат производството, но и продабжата на истиот производ развивајќи го концептот за продажба од праг или фарма. Оваа програма е креирана по примерот на програмата за мали семејни винарии, што се покажа како многу успешна приказна, која ни потенцираше дека има многу мали семејни производители кои се заинтересирани да го шират бизнисот, но им треба финансиска поддршка од државата. По успешноста на програмата за поддршка на малите семејни винарии, со новата програма одиме чекор понатаму и ги поддржуваме малите производители на храна“ вели министерот Николовски.

Корисници на средствата можат да бидат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во МЗШВ и кои се регистрирани или евидентирани како оператори со храна, од животинско или неживотинско потекло согласно Правилнииците за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата што треба да ги исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач, условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот на производство на храна со традиционални карактеристики. Прифатливи трошоци по корисник се трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) и/или трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна), кои што не надминуваат 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Алијанса Премиум обединува 18 мали производители кои со цел поголема видливост на пазарот пред една година решиле да се здружат и да ги пласираат своите производи под брендот „Премиум”.

Според Александар Димитриевски од „Алијанса Премиум“, државната поддршка е многу важна за да не дојде до поскапување на производите, но и за да се задржи квалитетот.

-Државната поддршка за маркетинг, пласман и логистика на нашите премиум производи ни значи многу за да ја задржиме цената, односно да не дојде до нејзино енормно зголемување. Ние сме увозно ориентирана земја, доаѓаат поскапа амбалажа и поскапи етикети со што варира и цената од лани до сега. Затоа, државната поддршка ќе ни овозможи да бидеме во компаративна предност, да не ги покачиме цените на сталажите, да останат исти и квалитетот да се задржи. Поддршката е воедно и апел до оние што продаваат „од праг“, да се приклучат на „Премиум алијансата“ за да допрат до одредени грантови и групни промоции за полесна продажба, рече Димитриевски.

Палетата на Премиум производите содржи природно ладно цедено сончогледово масло, намаз од афион со сончогледов путер, ладно цедено масло од бело афионово семе, охридско макало со магданос, доматно макало со лук, сецкан сушен домат, ладно цеден сок од аронија, ладно цеден сок од аронија и грозје, ладно цеден сок од аронија и јаболко, органски путер од лешник со мед и какао, кралски крем, путер од лешник и мед, органски шумски мед, органски шумски мед со полен, органски чаеви, слатко од зелени смокви, гемиџиски ајвар, тартуф, балсамиран оцет од модри сливи и јаболков оцет, како и гроздов маџун, но и има и козметичка линија со повеќе видови рачно изработени природони сапуни. Овие производи се стопроцентно природни, добиени исклучиво од наши, македонски суровини и се речиси двојно поевтини од увезените во нивен ранг, а можат многу лесно да се препознаат, бидејќи се наредени на посебни дрвени полици, специјално направени за оваа намена.

Според Димитриевски, откако компаниите почнале да настапуваат заеднички, забележале зголемување на продажбата. Моделот беше препознаен како уникатен и поддржан од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Во продолжение погледнете го разговорот со претседателот на Алијанса премиум, Александар Димитриевски, кој објаснува зошто е добро да се биде член на Алијанса премиум.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Претходен напис Не ја пропуштајте можноста да добиете грант од 10.000 евра: Процедурата за регистрација за продажба од куќен праг е едноставна, вели Ирена Баливска од Будинарци
Следен напис Како да се регистрирате за продажба на МЕСО и преработки од месо од куќен праг
1 коментар 1 коментар
  • marija напиша:
    на 27/02/2023 г. во 19:17 часот

    Bravo za Aliansa premium vi posakuvame samo uspesi da redite vo prodazbata na proizvodite.

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?