Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Александар Мачевски со демант за наводното малтретирање на животно од страна на инспектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Александар Мачевски со демант за наводното малтретирање на животно од страна на инспектор
Агровести

Александар Мачевски со демант за наводното малтретирање на животно од страна на инспектор

Објавено 05/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Месец февруари е период кога во Малешевијата во тек е откупот на јагниња. Едно од семејствата од овој крај, кое деновиве успеа да направи добра зделка со продажбата е семејството Мачевски од селото Робово. Како што истакна Александар Мачевски годинава успеале да продадат 150 јагниња по добра цена, што секако предизвикало задоволство во нивниот дом.

По продажбата, како што е ред, додава Мачевски бил организиран собир, на кој ги поканиле сите кои помогнале продажбата да се заврши без проблем. Ваквите адети како што вели Александар се познати меѓу сточарите, а со цел идната година да им биде поуспешна се прави обичај наречен ,,Изгубеното јагне”.

-Токму во рамки на овој обичај најстариот член на семејството внесува јагне на масата, се свири истоимената инструментална мелодија ,,Изгубеното јагне” и откако ќе заврши песната јагнето го враќаме во трлото. Бидејки има објавено видео снимка на која се гледа тој адет, кај одредени здруженија се појави реакција дека наводно сме се изживувале животното, а пак ќе повторам тоа е само адет, потоа јагнето е вратено во трлото, за што имам објавена друга видео снимка како тоа е здраво и живо. На настанот беше поканет и инспектор, кој ќе повторам беше поканет од наша страна и не знам зошто го вмешаа човекот во целата ситуација, бидејки беше наш гостин, после успешно завршена работа, рече Мачевски.

Како семејство кое од сточарство егзистира целиот свој живот, Мачевски додаде дека и покрај создавањето вирална вест од снимката, никој не ги прашал како втора страна да ја објаснат ситуацијата.

-По објавувањето на видеото на страницата на тоа здружение има голем број негативни коментари под таа вест, што навистина не е во ред, бидејки ќе повторам ,,никој не не праша што ние имаме да кажеме”. Ќе повторам дека тоа е само адет, ние не сме убијци на животни, секојдневно одгледуваме со љубов над 400 овци, што може да се види на многу други видеа на нашиот профил. Ние сме Овчарска фарма ,,Мачевските деца” која е семеен бизнис од 2006 година, не знаат сите, знаат дека се занимаваме со одгледување говеда, овци и крави, некогаш одгледувавме и до 400 овци, но со тек на времето ја намаливме бројката, бидејки искуството покажа дека помал број овци кои се добро одгледани даваат ист приход. Затоа ќе порачаме, пред некој да не обвини и да ни ја наруши угледта, да не праша, зошто тоа се случило, за што ќе добиел од наша страна конкретен одговор. Бараме извинување од оние кои во негативен контекст го прикажале настанот, со цел да ни наштетат нам и на почитуваниот инспектор, кој беше само наш гостин, рече Мачевски за самата случка.

Демантот за написите во одредени портали Мачевски го објави и на својот фејсбук профил:

Во продолжение неколку фотографии од фармата на семејството Мачевски:

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:адетјагнепродал јагнесубвенции
Претходен напис Договорно производство на корнишони – „Дена Продукт Валандово оранжерии Богданци“: Ве известуваме дека има промена на цените со покачување!
Следен напис АХВ најави законска постапка за инспекторот од ПЕ во Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?