Како што соопшти министерката за земјоделство на Албанија, Фрида Крифца Албанија има за цел да го удвои извозот на свежо овошје и зеленчук во земјите од Западна Европа.
Таа рече дека Владата работи на голем број политики за поддршка на секторот за овошје и зеленчук, кој сочинува 20 отсто од БДП на Албанија и 40 отсто од вработеноста. Политиките вклучуваат обезбедување директна помош за земјоделците и преработувачите за да се поттикне создавањето на синџирот на вредност со што би се ставила Албанија на картата на квалитетни извозници во Европа.
„Имаме намера Албанија да ја ставиме на картата на квалитетни извозници во Европа“, изјави Крифца.
Како што изјави инистерката Крифца, целта е да се зголеми вредноста на извозот на овошје и зеленчук од сегашните 400 милиони евра годишно на околу 1 милијарда евра до 2025 година.
„Оптимална клима ни овозможува да работиме добро. Нашите силни страни се цитрусите, кои ги одгледуваме во пограничните области каде што има околу 400-500 хектари производство, а сега и кивито, кое се одгледува во централните области на земјата“, рече Крифца.
Извор: fruitnet.com
