Доколку ве нема на списокот за добивање на помош од државата во вредност од 6.000 денари, а исполнувате услови, поднесете приговори.
Објавени се списоците со имињата на лицата кои добиваат државна помош од 6.000 денари. На интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk на самиот почеток може да се пребарува со впишување на единствениот матичен број, а во делот листа на корисници, објавени се сите имиња на граѓани кои ги исполнуваат условите за добивање на државата помош. Постои опција на страницата каде веднаш можете да поднесете приговор. Рокот за приговори истекува денес 21.12.2020 година.
Парите ќе можат да се трошат и по 25 декември.
Извор: Фактор.мк
