Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Акцијата на ОЈО ГОКК била изведена по известување од АНБ – осомничени се 20 лица за финансиски криминал тежок 4,8 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Акцијата на ОЈО ГОКК била изведена по известување од АНБ – осомничени се 20 лица за финансиски криминал тежок 4,8 милиони евра
Агровести

Акцијата на ОЈО ГОКК била изведена по известување од АНБ – осомничени се 20 лица за финансиски криминал тежок 4,8 милиони евра

Објавено 16/01/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Српски државјанин сопственик на две фирми, раководители во Управата за јавни приходи (УЈП) и уште неколкумина сопственици и управители на правни лица се меѓу дваесеттемина осомничени во акцијата што Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја спроведуваше вчера на повеќе локации во државата.

Осомничените, како што соопшти денеска Обвинителството, се товарат за кривичните дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службената положба, кои ги сториле во периодот од 2023 до 2025 година. Според ОЈО ГОКК, осомничените бизнисмени со лажни даночни и со помош на вработените во УЈП успеале да избегнат плаќање на данок, како и да добијат поврат на јавните давачки за нерезидетни фирми, со што го оштетиле буџетот на државата за 297 733 844 денари или околу 4,8 милиони евра.

Споделувајќи детали за акцијата, од ОЈО ГОКК денеска соопштија дека истражители од Истражниот центар на Обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера до доцните вечерни часови вршеле претреси на 16 локации низ државата.

Претресите, велат од Обвинителството, резултирале со обезбедување, односно апсење на осомничените, но и со привремено одземање на фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од фирми.

Акцијата, како што наведуваат оттаму, била спроведена по известување на Агенцијата за национална безбедност, а во неа, покрај Истражниот центар на ОЈО ГОКК, постапувала и Управата за финансиско разузнавање.

Инаку, како што може може да се прочита во соопштението од Обвинителството, во неа се опфатени и две лица кои веќе се осомничени во истрагата за злоупотреби во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РС Македонија.

Што се однесува до описот на делото, првоосомничен е српскиот државјанин, сопственик на две фирми. Тој, според истрагата, заедно со двајца службеници од Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Скопје, во 2023 година формирал група чија цел била вршење на кривичните дела од финансиска природа. Во периодот од 2023 до 2025 година ним им се придружиле и други сопственици, управители и вработени во фирми во Скопје и Гевгелија.

Според Обвинителството, првоосомничениот со фиктивни даночни пријави и со помош на даночните службеници, во периодот од 2023 до 2024 година, избегнал да плати данок во износ од 11 593 403 денари или околу 188 510 евра.

Другите осомничени бизнисмени, пак, исто така, со лажни пријави побарале, а даночниците им овозможиле неосновано да добијат враќање на данокот за нерезидетни правни лица, притоа нанесувајќи му штета на државниот буџет од 31 175 168 денари или околу половина милион евра.

„Дополнително, дел од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91 985 197 денари (околу 1,5 милиони евра)“,се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.

Според досегашните докази што ги собрало Обвинителството, осомничените вработени во УЈП, од кои дел на високи раководни позиции, со злоупотребата на службената положба го оштетиле буџетот на државата за 162 980 076 денари или околу 2,6 милиони денари.

Илустративна фотографија / Фото: Архива

Јавниот обвинител под чија палка е спроведена акција до Основниот кривичен суд Скопје, кој е единствено надлежен за постапување по истрагите на ОЈО ГОКК, доставил предлог на осум од осомничените да им биде определена мерка притвор, додека за две лица, како што е наведено во соопштението, тој е веќе определен во предметот поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на РСМ.

За преостанатите 10 лица јавниот обвинител предложил мерки за обезбедување присуство, меѓу кои и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичното дело и работни активности како службени лица во УЈП.

Од скопскиот Основен кривичен суд претходно соопштија дека за девет од десеттемина осомничени е прифатен предлогот на Обвинителството за определување мерки за претпазливост, додека за осомничените за кои се бара притвор судот ќе се произнесе во текот на денот.

„Девет лица се спроведени пред судија на претходна постапка, а по нивно произнесување, судијата го прифати предлогот и на сите им определи мерки согласно точките 2, 3, 6 и 7 (од Законот за кривична постапка) односно – одземање патна исправа, обврска за јавување во суд, забрана за комуникација со одредени лица и забрана за извршување одредени работни активности“,велат од Основниот кривичен суд.

Извор – 360Степени

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:евракриминалОЈО
Претходен напис Владата одобри 10.000 работни дозволи за странци во 2026 година
Следен напис Цените на житото во 2026 година: Пченката поскапа од пченицата, пазарот е под притисок од геополитиката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?